Шилегов: Би бил нобеловец кога во јуни ќе знам каков снег ќе имаме во 2021 година!

Објавено на 25.01.2020 во 19:49:16 часот | Македонија

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска одговараше на прашања од пред гимназијата „Никола Карев“.

Тој беше запрашан за уништените јавни површини во некои делови од градот и ситуацијата со склучениот договор со фирма за чистење на снег, кој досега не падна во Скопје.

„Ние и да сакаме, не можеме да стигнеме насекаде да вршиме контрола. Мора да се направи систем со кој ќе се одржуваат јавните простори. Што се однесува до фонтаната на плоштадот, таа е прескапоплатена, плочките не легнуваат како што треба. Од друга страна, кога зборуваме за снегот, Скопје е должен да има зимска служба за одржување на улиците. Јас би бил нобеловец ако во јуни оваа година знам каков снег ќе имаме во 2021 година. Станува збор за договори кои не се измислици на Петре Шилегов“, истакна градоначалникот на Скопје.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет