МВР ОТВОРИ ИСТРАГА: Порнографски фотографии на малолетнички се споделуваат на групата „Јавна соба“ на Телеграм

Објавено на 25.01.2020 во 23:14:58 часот | Македонија

Родителите на средношколците и професорите се во паника откако редакциите на Радио МОФ и на А1.он објавија дека на месинџер апликацијата Телеграм креирана е група насловена како „Јавна соба“ на која се споделуваат и се коментираат експлицитни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава.

Новинарите од двете редакциите успеале да влезат во групата и откриле фрапантни податоци – групата постои околу еден месец, има над 7.400 членови, а зачленување оди преку испраќање приватни пораки, по што автоматски си дел од групата.

Средношколци членови на групата за Радио МОФ сведочат дека дел од сликите кои се објавуваат и се коментираат се преземени од отворени профили и тоа најчесто се малолетни девојчиња, при што се споменуваат со имиња и презимиња или со местото на живеење.

Новинарите на Радио МОФ и самите биле сведоци како во рок од половина час биле споделени десетина видеа и фотографии со експлицитна содржина, на што следувале неколку стотици коментари.

За случајот веќе јавно проговорија повеќе професори и наставници. Двата медиуми кои сами посведочиле за содржините што се споделуваат во оваа група на Телеграм се обратиле до МВР, но засега од таму не добиле одговор.

Бирото за јавна безбедност веднаш започна истрага за мотивите и целите на формирање на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ во која македонски средношколци споделуваат порнографски фотографии од свои врснички, информира на својот Фејсбук профил, заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

На апликацијата Телеграм креирана е група насловена како „Јавна соба“ на која се споделуваат и се коментираат експлицитни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава.

Ваква информација пристигнала до редакциите на Радио МОФ и на А1.он кои успеале да влезат во групата и откриле фрапантни податоци – групата постои околу еден месец, има над 7.400 членови, а зачленување оди преку испраќање приватни пораки, по што автоматски си дел од групата.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет