ДО КОГА БЕ ВМРОНИ ДО КОГА??!?! ЌЕ ВИ ДОЈДЕ ЛИ ВАС ПАМЕТ НЕКОГАШ?!?!

Објавено на 26.01.2020 во 12:11:27 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Брееј што нема да смислат ВМРОВЦИТЕ... Очаен човек, жив ѓавол што би рекле нашите стари...

Што ли уште ќе им текне овие денови како се ближат изборите? 

Што ли ќе пробаат да не убедат? Дека Заев стварно јаде човечко месо, дека човекот е уствари маскиран вонземјанец, дека е прв братучед на Ел Чапо од Мексико, итн итн...

Сега не убедуваат преку Ла Веритас дека он бил диктаторот а не Грујо?!?!

Епа ако бил, како тоа го изгуби сите избори се до пржинската влада во 2016-та, па и тие ги изгуби, но сепак некако направи влада со разна стратегија и меѓународен притисок за земјата конечно да се ослободи од режимот?!?!

Или пак ПР операцијата се обидува да го извалка Заев до нивото да ни каже абе и Грујо и Заев беа исти, ама барем Грујо името не го даваше?!?!

Да беа сите овие наводи точни кои ни ги сервира Ла Веритас, Заев ќе заглавеше на 100 години робија, но за среќа тоа се само измислици и влажни соништа на ВМРОВСКАТА пр машина.

Се чини тоа е она што ВМРО ДПМНЕ ќе ни го понуди овие следни месеци пред избори - СПЕКТАКУЛАРНА ЦРНА КАМПАЊА ЗА КОЈА ТИЕ СЕ КАКО РОДЕНИ, ОСВРШЕНИ, МАЈКА СИ ТРАКАЛЕ ЗА ЦРНА ПРОПАГАНДА!!!

За се друго се дрва, за државност, за визија, за економија, за екологија, за домаќинлак, за реформи, за безбедност, за дипломатија, за наука и медицина... Но за црна пропаганда, како да смислат некого да оцрнат, за тоа се 24/7 активни, не спијат, мозокот нон стоп им брчи на таа тема...

Наместо да видевме ново ВМРО, реформирано, полно со каење, извинување, дистанцирање од злото и злосторниците, ВМРО кое ќе емитира нови сигнали за надеж, за правда, за државност, за про западни интеграции, за меѓуетнички соживот, за економски процут, ние со месеци гледаме блефирање, лажни вести, мајмунарење, ситничарење, малодушност, блесавост, очај и беда човечка, дно дна и копање и копање на таа дупка од ден на ден и понор кон дното право надоле...

ДО КОГА БЕ ВМРОНИ ДО КОГА??!?! ЌЕ ВИ ДОЈДЕ ЛИ ВАС ПАМЕТ НЕКОГАШ?!?!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија