ЃУБРЕТО ВО СУДСТВОТО ПОЧНА ДА СЕ ЧИСТИ, АМА ЌЕ НИ ТРЕБА БАГЕРОТ ОД РЕК БИТОЛА: Судскиот совет го разреши врховниот судија Ристо Катавеновски

Објавено на 27.01.2020 во 14:21:31 часот | Македонија

Судскиот совет го разреши врховниот судија Ристо Катавеновски, дознава Телма од извори во советот.

За него се водеше постапка за нестручно и несовесно работење исто како и за претходно разрешените, претседателот на врховен Јово Вангеловски и Рахилка Стојковска за укинување на притворот на бизнисменот Сеад Кочан додека беше во бегство.

Претседателот на Судскиот совет Киро Здравев само потврди дека за еден судија е донесена одлука за разрешување а за тројца е стопирана постапката, но не сакаше да открива ниту од кој суд е ниту имиња, со образложение дека постапката е тајна и јавноста не присуствува на разгледувањето на овие точки.

На почетокот на следниот месец истекува 30 дневниот рок во кој жалбените совети прои Врховниот суд треба да одлучат по жалбите на Стојковска и Вангеловски за разрешувањето од Судскиот совет.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет