Владата и Град Скопје со вонредни мерки поради загадениот воздух: Бесплатен јавен превоз и двојно поскап паркинг во Скопје

Објавено на 27.01.2020 во 17:05:50 часот | Македонија

Откако високото загадување на воздухот во Карпош, Лисиче и Тетово ги активираше владините вонредни мерки и препораки, Град Скопје информира дека интервентните мерки стапуваат во сила од 18 часот, а ќе важат сè до моментот кога ќе се намали загадувањето под прагот на алармирање од 175 mg/m3.

Со вонредните мерки се предвидува:

– Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници

– Прекин на  сите градежни активности на градилиштата под надлежност на Градот.

 – Цената на паркирањето на паркиралиштата на Градски паркинг од овој момент двојно се зголемува и тоа важи сè до укинувањето на итните мерки.

– Интензивирана контролата на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.

– Градот го задолжува ЈП „Комунална хигиена“ да го продолжи интензивното чистење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и препорачува на скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност.

– Град Скопје врши зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока преку Инспекторатот на Град Скопје.

– Се апелира до вработените во Град Скопје, јавните претпријатија и институции на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз.

– Се повикуваат Градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла.

– Се повикува Министерството за внатрешни работи да спроведе ограничување на обуките на автошколите од 9:30 до 14:30 и по 18 часот.

– Градот го повикува Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции.

– Градот бара од Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Градот Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација.

– Градот бара од Министерството за внатрешни работи да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет