Локвенец: Денешните случувања во судница се најдобар доказ дека се работи за индиции за кривично дело поткуп

Објавено на 27.01.2020 во 17:45:33 часот | Македонија

Соопштение на СДСМ

Денешните случувања околу предметот во јавноста познат како Рекет се повеќе го одмотуваат клопчето на вистината.

Денешните случувања се најдобар доказ дека се работи за индиции за кривично дело поткуп. Дека предметот Империја свесно се урнисувал преку давање поткуп на обвинители.

Од друга страна, денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ и барањето да се разрешуваат судии уште еднаш потврдува дека оваа партија не сака да се расчисти случајот Империја во која главен осомничен е тајкунот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев.

ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во спрега со обвинети и осомничени лица прават се за да и наштетат на правната држава.

ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена брани криминал и криминалци од сопствените редови. Јасно е дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават СЕ за да не се донесе Законот за Јавно обвинителство и истрагите и предметите на СЈО во кои се обвинети функционери на опозицијата да не добијат правен епилог.

Со тоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го поткопуваат правниот систем и остануваат на браникот на криминалот во сопствените редови.

Како и многупати досега, повикуваме, инстутуциите целосно да го расчистат предметот во јавноста познат како Рекет, како и сите отворени истраги и предмети.

Колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ, Законот за јавно обвинителство обезбедува независно, стручно и објективно постапување, и тој Закон ќе биде донесен.

Обнова на режимот и одбрана на криминалот. Тоа нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и затоа на 12 април ги очекува нов пораз од граѓаните.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет