ДУИ ПАК СЕ СПАСИ - Таравари за ТВ21: Нема тројна коалиција – Движење Беса бара одговори зошто идејата пропаднала

Објавено на 27.01.2020 во 17:50:42 часот | Македонија

Тројната коалиција меѓу Алијанса за Албанците, Движење Беса и Алтернатива нема да стане реалност, потврдува за ТВ21 генералниот секретар на партијата, Арбен Таравари.

„Тројната коалиција нема да се постигне. Денес или утре ќе се сретнеме со двете страни, а потоа ќе се собере централното раководство на Алијанса за Албанците за да одлучи со која партија ќе прави предизборна коалиција“, вели Арбен Таравари.

Таравари не сакаше да коментира која од двете партии, Алтернатива или Беса има поголеми шанси за коалиција со нив. Од Движење Беса чие раководство отворено прифати тројна коалиција сега бара Алијанса, која беше иницијатор на овој процес да ги каже причините за пропаѓањето на соработката.

„Еднаш Алијанса за Албанците треба во јавност да ги каже причините зошто не се случи тројната соработка. Ако постои виновник во овој процес кој не прифатил соработка, тогаш нека и објаснат на јавноста. Дали важи начелото кое го усвоивме во текот на разговорите дека страната која нема да учествува во коалицијата, сама ќе се исклучи или не“, истакна Аријанит Хоџа.

Причината зошто оваа коалиција не е постигната е дека Алтернатива не прифати дел од коалицијата да биде Движење Беса, од каде произлегоа како фракција. Од партијата на Африм Гаши информираат дека денеска раководството на Алтернатива ќе одлучи за понатамошните чекори.

„Денеска раководството ма Алтернатива ќе одржи состанок на кој ќе се одлучи за следните чекори во врска со предвремените парламентарни избори, конкретно за начинот како ќе се настапи на изборите како и опциите за можни предизборни коалиции“, велат од Алтернатива.

Иницијатор на тројната коалиција беше Алијанса за Албанците, но сега кога оваа идеја се чини невозможна. На оваа партија и останува да избере со која партија, Беса или Алтернатива ќе излезе на изборите на 12 април.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет