ВЛАДАТА НЕ ОСТАВА НИШТО НА СЛУЧАЈНОСТА: Термо-камера и на аеродромот во Скопје!

Објавено на 27.01.2020 во 18:58:56 часот | Македонија

Термо-камера функционира и на скопскиот аеродром, како и на другите аеродроми во регионот, за да регистрира дали некои патници кои долетуваат од Дубаи или Истанбул – места кои имаат директна транзитна поврзаност со областа во Кина, имаат висока температура и други симтоми на корона вирусот. Први кои беа скенирани се дел од патниците во авионот од Дубаи.

Лекари од Центарот за јавно здравје Скопје се наоѓаат на аеродромот каде ќе им прават преглед на пациенти кај кои ќе се детектираат симптоми. Ако се покаже сомнение на повисока температура ќе имаат посебен третман, односно екипа од аеродромот ќе ги интервјуира во заштитна облека, дали доаѓаат од Вухан или околината и доколку се покаже дека имаат било каква симптоматологија ќе бидат тргнати во изолација. Тие што немаат симпоматологија ќе бидат упатени дома, но ќе им биде даден телефонски број и доколку има какво било зголемување на симптоматолигјата со респираторно заболување ќе се јават.

– Кога доаѓаат патниците доколку се во период на инкубација можно е да не покажат зголемена температура, а да бидат носители на вирусот. Ова е само еден дел од превентивните мерки што не значи дека и тука ако не регистрираме зголемена температура дека можеби нема патник кој е носител на корона вирусот. Зголемена темперуата може да се има не само од корона вирус може да се има и од грип, сега е сезона на грип и други респираторни инфекции. Пациентот детално се испитува се зема епидемиолошка анамнеза се носи во соба за изолација доколку се смета дека постојат какви било сомневања дека можно е да има инфекција со корона вирус, се вика амбулатно возило и се проследува до Инфективната клиника, изјави доктор Марија Гочевска од Центарот за јавно здравје Скопје.

Според последните податоци, во кинескиот град Вухан се регистрирани 2.800 заразени од корона вирусот, а 81 досега се починати, додека 300 се во критична состојба. Во Пекинг попладнево е регистриран првиот смртен случај од корона вирусот. Не се регистрирани жртви надвор од Кина. Најмалку 40 заразени од вирусот има во повеќе други држави.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет