ОЛИГАРХОТ КАМЧЕВ МУ СЕ ЗАКАНИ НА ПРАТЕНИКОТ ЛОКВЕНЕЦ И НА СДСМ: Со тоа што ме напаѓаш и наштетуваш на својата партија!

Објавено на 27.01.2020 во 20:29:38 часот | Македонија

По денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова, пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец, рече дека во случајот „Рекет“ всушност станувало збор за поткуп. Тој истакна дека денешните случувања биле најдобар доказ дека се работи за индиции за кривично дело поткуп, како и дека предметот „Империја“ свесно се урнисувал преку давање поткуп на обвинители.

На оваа негова изјава реагираше бизнисменот Орце Камчев, кој го повика пратеникот Локвенец да дојде кај него и да слушне дел од доказите за монтираниот случај „Империја“, со цел лично да се увери дали станува збор за рекет или за поткуп.

– Го повикувам господинот Локвенец да дојде, да ги погледне и да слушне само дел од доказите кои ги поседувам околу монтираниот случај „Империја“ од кој произлезе случајот „Рекет“. Така ќе се увери лично дали станува збор за рекет или поткуп, но и кој сè е замешан во случајот. Тоа би му било мудра одлука за него како пратеник од владејачката партија пред да држи вакви предизборни пресови со кои истовремено ме оцрнува и мене како бизнисмен и ѝ нанесува штета на сопствената партија. Може секој ден да ме побара во просториите на Орка Холдинг од 9 часот до 17 часот, или преку кабинетот на телефон 02-3099-600 – изјави Камчев за „Плусинфо“.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет