(ВИДЕО) ЗАЕВ НЕ СЕ СРАМЕШЕ ВО КИСЕЛА ВОДА ДА ПОКАЖЕ ДЕКА ЗНАЕ ДА РАБОТИ НА ТЕЗГА, СЕ ПОТСЕТИ НА МЛАДИТЕ ГОДИНИ КОГА КАКО СТУДЕНТ СПИЕШЕ НА ПАЗАРОТ ВО НИШ!

Објавено на 27.01.2020 во 21:13:57 часот | Македонија

 
Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска беше во посета на општина Кисела Вода каде се сретна од населбата Драчево. На средбата со граѓаните Заев се запозна изворно со проблемите на многубројните граѓани и разговараше за можните и ефикасни решенија кои се во интерес на граѓаните го засегаат нивното секојдневие.
 
Меѓудругото Заев се сретна и со пазарџиите на пазарот во Драчево со кои разговараше за економските политики на владата на СДСМ кои овозможуваат подобри услови за работа и можности на раст на нивните микро бизниси.
 
Претседателот Заев се осврна и на политиките во земјоделството спроведени од страна на Владата предводена од СДСМ.
 
- Во две и пол години мандат како Влада презедовме сериозни чекори кои го унапредуваат земјоделството и го враќаат достоинството на земјоделците. Низ партнерски однос со земјоделците успеавме да ги надминеме предизвиците околу откупот на земјоделските производи, откупот денес е навремен и целосен, а цените на производите растат. Тоа е важно не само за земјоделците туку и за пазарџиите кои преку оваа чесна и почитувана професија се активни учесници во нашата економија, посочи претседателот Заев.
 
Претседателот Заев ја посети и точката на која е започната реконструкцијата на патот кон  локалитетот „Три круши“ во времето додека ја предводеше владата на СДСМ, а е реализирана со средства од инвестиции од општината и државата.
 

 

 

loading...

 

Македонија

Свет