Авионот кој се урна во Авганистан е на армијата на САД

Објавено на 30.01.2020 во 17:10:01 часот | Свет

Авионот кој денеска се урна во Авганистан е на Воено-воздухопловните сили на САД, соопшти Дејвид Голдфејн, претставник на Пентагон, пренесе изданието „Милитари.ком“.

Според „Си-би-ес“, авионот најверојатно летал меѓу градовите Кандахар и престолнината Кабул. Еден авганистански чиновик изјавил дека меѓу остатоците на авионот ги нашле телата на двајцата пилоти.

Според други извори, во авионот се наоѓале околу десетина лица.

Авионот се урна дененска во провинцијата Газни, која е под контрола на Талибанците, терористичка група. Според авганистанската агенција „Паџхвок“,одговорноста за тоа ја презеле Талибанците, пет часа по падот на авионот.

Првично се соопшти дека во Авганистан се урнал патнички авион на авиопревозникот „Аријана афган ерлјанс“, и во авионот се наоѓале најмалку 80 лица. Претставници на компанијата ја демантираа информацијата.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија