ДОБРИ ВЕСТИ: Расте бројот на пациенти во Кина кои се излекувани од новиот коронавирус!

Објавено на 30.01.2020 во 21:50:26 часот | Свет

Кинеските провинции и општини денеска соопштија дека повеќе пациенти заразени со новиот коронавирус се излекувале и ги напуштиле болниците.

Вкупно четворица пациенти заразени со вирусот во источната кинеска провинција Џангкси оздравеле и денеска биле отпуштени од болниците, а претходно беше јавено дека закрепнале три лица.

Џанг Веи, експерт од провинцискиот штаб за итни случаи и превенција и контрола на епидемијата во Џангси, изјави дека врз основа на анализи за излечени пациенти, за закрепнување е клучно раното откривање на болеста и навременото лекување.

Југозападната кинеска провинција Сечуан соопшти дека првиот пациент во таа провинција денеска оздравел од пневмонија предизвикана од новиот коронавирус.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија