Морам да признаам дека ВМРО ДПМНЕ ме изненадија, во моментов тие ми наликуваат на бригада терористи самоубијци на Ал Каеда качени во еден од авионите од 11-ти септември во Њујорк!

Објавено на 04.02.2020 во 20:56:48 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Некој да ми кажуваше дека ВМРО ДПМНЕ ќе батали и ПР и програма и каков и да било обид да се вратат на власт и дека се ќе фрлат на една карта а тоа е да ги ослободат Миле Ми Текна и бандата од судски прогон, ќе сум се смеел и крстел...

Таква погубна политички САМОУБИСТВЕНА агенда ми е навистина неверојатна.

Ги гледам овие денови тв настапите, пресовите на ВМРОВЦИТЕ и нивните стари и ново купени медиски кучиња и експертутки и замисли, од петни жил не убедуваат дека процесите на СЈО требало сите да се поништат, укинат, само затоа што Ката земала тросед од Камчев?!?!

Бараат од нас да избришеме се што правевме од 2015-та до денеска, Шарена Револуција, бомби, Вистина за Македонија, режим, пљачка, диктатура, Груевизма, итн итн се тоа да избришеме како со гума и да речеме ПУ ПУ НЕ ВАЖИ!

Да ослободиме едно 100 копилиња кои проба Хорхе да ги амнестира, сега бараат од нас, ние да ги амнестираме?!?!

И тоа еден два месеца пред избори?! БРЕЕЕЕЈ!!!

Кои фанатици, кои лудаци, кои очајници, која багра багросана!!!

Мицковски ми наликува на пилот на еден од авионите од 11-ти септември во Њујорк во 2001-ва а ВМРОНИТЕ внатре сите се дерат НИКОЈ НИШТО НЕ ТИ МОЖЕ НИКОЛАААА и шибаат со 700 километри на саат кон една од зградите!!!

Ама овој пат, авиончето им е многу мало а зградата е карпа гранитна, како оние над Матка езерото!!!

Ќе се залепат како лепешка, смешно ќе биде, жал нема да не фати, кој брани криминал и мафијаши, само таква судбина аслужува, неславна, бедна, очаен пораз срамен!!!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија