КАКОВ ЕПСКИ ПРЕСВРТ: АФЕРАТА РЕКЕТ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ПОГРЕБ ЗА ЗАЕВ А ОТСКОЧНА ДАСКА ЗА ВМРО ДПМНЕ, НО СЕ СЛУЧИ ОБРАТНОТО!!!

Објавено на 11.02.2020 во 19:34:59 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Откако не успеаја физички да го убијат на 27-ми април 2017-та, во ВМРО ДПМНЕ решија да го убијат политички во 2019-та. Со помош на Боки, Катица, Камчев и Геро.

Но она што требаше да боде политички погреб за Заев а откочна даска за ВМРО ДПМНЕ и мафијата, кои требаше да се вратат на власт и да куртулат од затвор, пропадна во вода!

Излезе обратното! Од ден на ден, Заев е херојот, чистиот ко солза, борецот за правда и ред и поредок, додека ВМРО ДПМНЕ сега ќе треба да се извинува за сите тие пресови на кои повикуваа дека зад Боки и Катица стоел Заев!!!

И Геро ќе треба да се извинува за сите конструкции дека Заев стоел како нарачател на целиот овој матен рекетарски процес. Но прво со бомбите на Орце кои протекоа во јавноста дознавме дека Заев му вели на Орце да оди да пријави иначе и он ќе одговара а сега од смс пораките дознаваме дека Заев бил затечен од РЕКЕТАРСТВОТО на Боки и признава дека е огорчен и лут и бесен на него!

Значи тoлку со обидот да го убијат Заев, сега им остана да пробаат да видат што може да се спаси. Па очајно се фатија за СЕМАНТИКАТА па сега Заев го користат во обидот да ги престават Орце и Сашо Мијалков и целата таа мафија за невини жртви на рекет, демек СЈО ги измислило сите тие криминали на Камчев и компанија за да им ги земат парите?! Но ова е очајно КВИЧЕЊЕ, овие песови медиски знаат дека без ПОЛИТИЧКО УБИСТВО на Заев, нема спас на мафијата, тие две работи се ДИРЕКТНО ПОВРЗАНИ!

Сега само остана да си ги одработат паричките и да ја бранат честа на мафијашите?!?! Па во ова ни малите деца нема да им поверуваат, колку очаен обид, жал да те фати. Да пробаш некого да убедуваш дека Камчев, олигархот на режимот, е чист бизнисмен, па тоа е невозможна мисија, тоа како да пробаш да ја иубедиш јавноста дека Боки 13-ка е скромен нормален дечко??!?!

Но кој за кое оро се фатил ќе си го игра. Кој каква задача добил или сам себе си задал, нека си го турка каменот СИЗИФОВ.

Јас сум во тие кои ја убедуваат јавноста дека Заев е чесен политичар, државник, патриот. И засега сите настани одат во прилог на таа теза.

Некои пак имаат задача да го обелуваат образот на Камчев и Мијалков и да го ретушираат Грујо и да му прават пат за враќање во земјава.

Ги жалам овие вторите, не им е лесно, водени од болна амбиција, болна алчност или пак болно его, судбината ги одведе во амбисот да се тепаат со змиите со седум глави...

п.с Вака како што засега излегува епилогот, Заев како да го нарачал рекет.

1. Ем излезе чист како солза,

2. Ем покажа дека нема во земјава заштитени крави па макар биле и во врвот на СДСМ, или пак биле газди на провладини силни телевизии...

3. Ем покажа дека има силно независно ОЈО и судство...

4. Ем покажа и дека има силна демократија со силни независни медиуми кои го масакрираа периодов со Рекет.

5. Ем ја соголе до коска ВМРО ДПМНЕ која се посвети до последна капка крв да ја брани мафијата и Груевизмот со што партијата се закопа самата себе пред избори на кои требаше да се врати на власт!

Значи до толку е РЕКЕТ силен АВТОГОЛ за ВМРО ДПМНЕ и мафијата, што излегува како Заев сам да го нарачал!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија