ВИСТИНСКА ДРАМА ВО ЈАПОНИЈА: На крузерот расте бројот на заболени, во Кина „најсмртоносниот ден од Коронавирусот“

Објавено на 12.02.2020 во 22:26:10 часот | Свет

Од новите 39 случаи, 10 се од екипажот, а 29 се патници. Четворица се во критична состојба. Луѓето чии тестови излегле позитивни на вирусот се пренесени од бродот во болница. Меѓу вработените на крузерот има и тројца македонци, кои засега не се меѓу заболените.

Денес во Женева генералниот директор на СЗО, Тедрос Габрејесус кажа дека првата вакцина би можела да биде достапна за 18 месеци, а дотогаш, рече  “мора да го користиме секое достапно оружје“.

Тој исто така изјавил дека Коронавирусот официјално го доби името „covid-19“, објаснувајќи дека е важно да се избегнува стигмата и дека користењето на другите имиња е неточно.

Вчера во Кина починаа 108 луѓе, што беше оценет за “најсмртоносниот ден од појавувањето на Коронавирусот“. Со нив, бројот на починати во кина порасна на 1.016.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија