АНАЛИЗА НА ДУЕЛОТ НА ИВАНОВ СО МОМИРОВСКИ НА ТВ 24: ИМ ПОПУШТАМЕ НА БУДАЛИТЕ И ХОШТАПЛЕРИТЕ, ТОА Е НАЈГОЛЕМАТА ГРЕШКА ОВИЕ 30 ГОДИНИ ВО ЗЕМЈАВА!

Објавено на 12.02.2020 во 23:57:37 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Има една народна изрека и една човечка навика во земјава, која гласи АБЕ ПУШТИ ГО, БУДАЛА Е, НЕ СЕ РАСПРАВАЈ...

Е сега лошото е што ова кај нас се користи дури и во ТВ дебати, па тој што е будала и хоштаплер има огромна предност, може да лупа и треска и навредува и манипулира и да помине како победник во дебатата, затоа што обично водителот и соговорникот одат по народната, ај сега ќе се расправам, нека лупа што сака...

И така кај нас 30 години најголемите лудаци, копилиња, хоштаплери, бараби се убедливо најголеми ТВ цареви поминуваат како победници и народот подлегнува на таа пропаганда...

Ок се случуваат и исклучоци како случајно на дебатата се присутни Фрчковски, Ордановски, Најчевска, Коља, Мухамед Зекири, Шеќеринска, Шилегов и уште два тројца, тогаш копилињата може малце и да бидат зауздани и победени, но сепак за жал таквите херои се само 10-тина... A гадовите се околу стотина, значи размерот е еден спрема 10...

Па така и вечерва на ТВ 24, мирниот, пристоен, кроток Иванов иако проба неколку пати сепак не успеа да излезе на крај како победник во дуелот со режимското медиско куче, Момировски.

Дури му дозволи, што е навистина една епска травестија, да еден Горан Момировски му вели и тоа на два пати во емисијата на Иванов дека еден ден Иванов ќе се срамел од тоа што го зборел на тв?!??!!!

ЕЕЕЕЕЈ, ГОРАН МОМИРОВСКИ, РЕЖИМСКОТО ЗАГАРЧЕ, КОЕ 10 ГОДИНИ ПОМАГАШЕ РЕЖИМ  А ПОСЛЕ 5 ГОДИНИ ПОСЛЕ БОМБИТЕ БРАНЕШЕ МАФИЈА И СЕГА РАБОТИ НА ВРАЌАЊЕ НА ТАА МАФИЈА НА ВЛАСТ, ОН НАЈДЕ ДА ДРЖИ ЛЕКЦИИ ЗА МОРАЛ И ЕТИКА И НОВИНАРСКО КРЕДО?!?! И ТОА НА ЕДЕН ЗОРАН ИВАНОВ?!?!

Но тоа е, во нашата земја, сме научени да не се расправаме со човечки хиени и кучиња и затоа тие си лаат, простата раја се лови на тој шарм и на таа пропаганда и затоа 30 години никако да тргнеме во права насока.

Не знаеме да ги користиме медиумите, сме дошле на тв дебата и се штедиме, не мрзи, не сакаме да се измориме, да направиме некој скандал, мислиме премногу на себе но не и на државата, каузата, општеството и последиците ако му дозволиш на едно куче запењавено да лае цела емисија и да тресе глупости, не сме свесни дека дозволуваме пропаганда и манипулација пред нашите очи, мислиме дека народот има капацитет да процени сам, не, мора да му се нацрта, народот ни е неук, изгубен, треба да му помогнеме да го види патот...

И затоа после 5 години откако пукнаа бомбите, ние сеуште се мачиме на голем дел од популацијата да му објасниме кој е добар кој е лош во земјава, кој е за мафијата кој е за правдата, уште има луѓе во земјава кои мислат дека злото е добро и обратно, уште има пијани кои лутаат по ќерамиди...

Тоа е затоа што не мрзи на тв дебати, не мрзи да бидеме жестоки со копилињата, не мрзи со барабите и битангите, мислиме се ќе си дојде на свое место само по себе, мислиме дека вистината е како шило кое ќе боде ќе боде и на крај ќе прободе, ама не е така, вистината е уствари гомнарска цевка, или фати и мавај или ќе си остане на земјата и ќе биде изгазена и гомнарите ќе победат!!!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија