СИНОЌА СЕ СЛУЧИ БУНТ ВО ВМРО ДПМНЕ, МИЦКОВСКИ НАДГЛАСАН ВО ИК ОД ПРО-ЗАПАДНОТО КРИЛО, ВМРО НЕМА ДА ГО НАПУШТИ СОБРАНИЕТО, ДАЛИ СЕ СПРЕМА И ЛИДЕРСКА СМЕНА ПРЕД ИЗБОРИТЕ?!?!

Објавено на 13.02.2020 во 13:23:15 часот | Македонија

ВМРО-ДПМНЕ, сепак, нема да го замрзне своето учество во работата на Собранието и покрај вчерашните најави на лидерот Христијан Мицкоски дека „не гледа потреба од останување во законодавниот дом“, откако опозицискиот предлог за негово распуштање не беше ставен на дневен ред на пленарна седница.

Извршниот комитет (ИК) на партијата на синоќешниот состанок во проширен состав, сепак, донесе одлука за останување во Собранието, бидејќи како што стои и во партиското соопштение „за следење на развојот на ситуацијата и реагирање за одбрана на демократијата и интересите на граѓаните и на државата“.

На состанокот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, неофицијално, можеле да се слушнат спротивставени ставови во врска со дилемата „in“ или „out“ од Собранието. Дел од членовите биле линија на пораката што Мицкоски ја испрати во текот на денот и истакнале оти „нема причина да се продолжи со учество во собраниската работа“, а дел, пак, го застапувале спротивното.

Како адут што гo понудиле и на крајот бил прифатен е дека „излегување ќе значи оставање на слободен простор на власта за експресно минување на сите закони за кои опозицијата смета дека се штетни за граѓаните и државата, меѓу кои бил посочен и за Законот за ЈО“.

„Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ смета дека власта, со последните скандали, ја втурнува државата во уште поголема криза и ја оддалечува од европската иднина. Сметаме дека државата не смее да биде заложник на лични интереси на поединци на Власта како и стравот од одговорност на оние кои се огрешиле пред законот и 12 април е денот кога мора да се одржат предвремените парламентарни избори за крај на кризата и за крај на политичката кариера на Заев“, е наведено меѓу другото во дописот на ВМРО-ДПМНЕ до медиумите.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет