КАЛАЈЏИЕВ Е МНОГУ ПОГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ ОД КАТИЦА!

Објавено на 13.02.2020 во 15:48:14 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Имав огромен респект и симпатии за Гордан Калајџиев.

Во времето на режимот зседно организиравме акција во МАНУ против Камбовски, ми откажа мојот славен мобилен телефон па нападот кон Камбо го снимав со телефонот на Калајџиев кој многу срдечно ми го позајми.

Ми беше и гостин во Политико на Наша ТВ каде снимивме толку жестока емисија против МВР и Јанкуловска што беше една од причините што и емисијата ми беше забранета!

Потоа сега пред неколку месеци се сретнавме на еден семинар во хотел Горица во Охрид, јас бев со фамилијата приватно тој беше предавач на некој семинар, професорот ме изгушка пред сите со шегување за тоа како некогаш сум го критикувал...

Но сето тоа падна во вода кога пред неколку недели професорот фати да ја брани мафијата и тоа без срам и перде!

Гласините кои гласно ги збори чаршијата се дека професорот овие денови се развел по трет пат и станал многу близок пријател на Камчев кој го частел, му местел женски, сето тоа со многу алкохол. Само ова може да го оправда поведението на професорот овие денови кое е шокантно!

Предупредувам овие гласиин да се земат со резерва, но сум ги слушнал од угледни колеги новинари кои знаат што се случува во градов.

Па не треба многу да се мислиме, се појави и слика на Калајџиев со Пешевски во Пастел.

Некој да ми кажувал дека овој човек кој беше во трка за местото на Катица во СЈО вака јавно ќе се продаде на мафијата ќе сум се смеел и крстел.

Всушност кога ќе размислам, Калајџиев е поголемо разочарување од Катица, затоа што Ката рекетираше мафија, Калајџиев се обидува да ја спаси таа мафија и тука има разлика!!!

Не голема, и двајцата сакаат да ја спасат мафијата, Ката побарала рекет, Калајџиев може добил некоја сума слична на Катица, не знаеме дали е гарнитура или пак некој друг облик на поткуп, но она што го прави Калајџиев поголемо разочарување е што Катица е НИКОЈ И НИШТО дојдена од Гевгелија, а тој е професор на УКИМ, беше шеф на Хелсиншки со години, со години ги пишуваше сите закони, тој требаше да остане СИМБОЛ ЗА ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ И БОРЕЦ ЗА ПРАВДА а не она што е сега адвокат на мафијата!!!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија