ДРАМА ВО СУДНИЦА, КАТИЦА ЈАНЕВА МУ ГО ЗАГОРЧИ ЖИВОТОТ НА КАМЧЕВ: Не се работи за РЕКЕТ туку за ПОТКУП, тие нудеа поткуп, објавете ги тие снимки!

Објавено на 13.02.2020 во 20:35:22 часот | Македонија

Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева по завршувањето на денешното рочиште за “Рекет”  побара јавно да се презентираат две снимки од Зоран Милевски Кичеец, а за кои обвинителството најави дека ќе бара јавноста да биде исклучена.

Според обвинителката Вилма Русковска јавноста треба да биде исклучена поради тоа што има приватни разговори меѓу Кичеец и Боки 13, а според Јанева пак од нив ќе се чуе како  Орце Камчев нуди поткуп за да се спаси од истрагата за „Империја“.

-Од снимките се виде дека никој не разговарал за рекет кога бил во притвор Орце Камчев, а во делот кога нуделе поткуп баш тие разговори не сакате да ги изведете. Од таму почнува приказната за мојата одбрана и мислам дека ми е нарушено правото што не се дозволува да се изведат, рече Јанева.

Утре ќе биде познато дали судот ќе дозволи јавноста да остане во судница и да ги чуе овие разговори, или ќе се слушаат зад затворени врати.

Две од снимките кои тајно ги снимал Кичеец беа презентирани јавно, но за разлика од оние кои ги снимал Камчев, беа со послаб кавлитет, односно неразбирливи во целост за јавноста.

Се слушаа гласовите на Боки 13, на Кичеец и Ана Камчева, која во еден момент вели дека ќе му дадат на Јовановски 250.000, а Кичеец и вели дека за него не е проблем и дека ќе успее да му ги земе назад.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет