Зекири: ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ја обновија криминалната коалиција!

Објавено на 14.02.2020 во 00:06:15 часот | Македонија

Пратеникот Мухамед Зекири вели дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ја обновиле нивната криминална коалиција.

-Талат и ДУИ уште еднаш го покажаа нивното вистинско криминално лице заедно со нивните побратими од ВМРО ДПМНЕ.
ДУИ И ВМРО ДПМНЕ ја обновија нивната криминална коалиција и коалиција на тесните интереси на одредени кругови во нивните редови.
СРАМОТА!!!, напиша Зекири на фејсбук.

Неговиот коментар следува откако вечерва неговите сопартијци открија дека се тактизира околу носењето на Законот за ЈО и дека е можно СДСМ да направи ново мнозинство и да оди на редовни избори.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет