НАЈНОВИ ВЕСТИ ЗА КОРОНА ВИРУСОТ

Објавено на 15.02.2020 во 19:41:56 часот | Свет

Досега се регистрирани 66 000 заразени во Кина во моментов.

1500 жртви од вирусот во Кина.

4 починати надвор од Кина, од кои за прв пат во Европа денеска почина заразен кинески турист во Париз, човекот имал 80 години.

Градот Вухан е веќе 3 месеци под карантин и милионите жители веќе се борат за да останат нахранети затоа што маркетите се празни.

Драмата на крузерот Дајумонд Принцес во Јапонија продолжува, 65 нови заразени, вкупно 285 досега.

Америка ќе прати авион да ги земе американците од бродот кој е веќе три недели закотвен во Јапонија.

Прв заразен од вирусот и во Африка, поточно во Египет, се работи за турист кој е ставен под карантин.

Бродови кои носат илјадници туристи во морињата во Азија не можат да се докопаат до копно затоа што сите земји им одбиваат дозвола да се закотват поради страв од Корона Вирус, па бродовите се во опасност да останат без храна. Камбоџа прими еден од бродовите и Доналд Трамп јавно им се заблагодари за тоа.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија