МИЦКОВСКИ ФАТЕН ВО НОВ СКАНДАЛ: ГЛУМИ СКРОМЕН ЧОВЕК А СЕ ОДНЕСУВА КАКО СУЛТАН - НАРЕДИЛ СОПРУГАТА ДА ЈА НОСАТ НА РАБОТА СО ПАРТИСКА ЛИМУЗИНА И БОДИГАРДИ!

Објавено на 15.02.2020 во 23:51:45 часот | Македонија

Внатрепартиски извори на ВМРО-ДПМНЕ, информираат дека, наводно, Рози, сопругата на Христијан Мицкоски, на работа ја возат со службено возило на партијата и дека ја чуваат партиски телохранители.

„Секој ден ја возат со партиското возило, со бодигарди на партијата“ – открива изворот. Од медиумите блиски до партијата, познато е дека Рози Мицкоска е професорка во средното училиште „Орце Николов“ во Скопје. Не е познато дали, доколку информацијата е точна, се работи за некаков страв или само за луксузирање на сметка на партијата.

Познато е дека партијата има сериозни финансиски проблеми, замрзнат имот и огромни „дупки“ во постизборните финансиски извештаи – 3,5 милиони евра во 2011 година и 400.000 евра во 2019 година, за претседателските избори на која кандидатка беше „независната“ професорка Гордана Силјановска. Сепак, партијата функционира беспрекорно, а се имало и за луксуз. На сметка на партијата.

FRONTLINE

 

 

loading...

 

Македонија

Свет