Спасов: Мизрахи не е ниту од далеку толку виновна колку оној што и укажал доверба да биде министерка

Објавено на 16.02.2020 во 00:55:15 часот | Македонија

Mицковски “не е толку луд” но за неговите технички министри нема гаранција

Мицковски има обичај да каже дека “не е толку луд да не ја прифаќа реалноста” во врска со веќе потпишаниот договор за разликите околу името со Грција.
Нормален човек од тој негов одговор би разбрал дека човекот “не е луд да тврди дека нема да го почитува Уставот” на државата и дека не му паѓа на памет да предлага ратификација на Протоколот за членство на земјава во НАТО а притоа да не го признава Договорот со соседна Грција со кој нашата земја прифати да се нарекува Република Северна.
Македонија.

Но, се чини дека реалноста за која тој зборува не ја разбираат или погрешно ја разбираат неговите министри и заменици министри во техничката влада.
Тие својот “патриотизам” во врска со името систематски го манифестираат со инциденти низ кои треба да им стават до знаење на нивните подржувачи дека имаат сериозна намера за разлика од Мицковски да ја игнорираат реалноста. А тоа значи дека имаат сериозна намера да не го почитуваат Уставот иако при превземањето на должоста дадоа и потпишаа свечена изјава дека ќе го почитуваат Уставот на Република Северна Македонија.

Низ инцидентите што ги приредуваат госпоѓата Мизрахи и Наќе Чулев ,Мицковски и испраќа порака на Грција дека сме несериозна држава која не ги почитува своите меѓународни договори и во која се е можно.

Тоа е порака која систематски ги подрива напорите на земјата да стане конечно членка на НАТО и да добие датум за започнување на разговори за членство во ЕУ.
Оттука кога Мицковски изјавува дека “не е толку луд за да не ја признава реалноста” треба да провери дали и неговите кадри не се толку луди да не ја признаваат реалноста или сепак ги има и такви што се доволно луди да се заколнат дека ќе го почитуваат Уставот на Република Северна Македонија а откако ќе бидат избрани на државна функција да се однесуваат како никогаш да не се заколниле.

Свесен ли е Мицковски дека неговите кадри во техничката влада не го почитуваат своето прво ветување кое се однесува на почитувањето на Уставот.
А ако ова ветување не го почитуваат зошто граѓаните би верувале во сите други ветувања на Мицковски од неговата изборна програма?

Оттука министерот Димитров е апсолутно во право што бара разрешување на госпоѓата Мизрахи од нејзината функција. Џабе сите нејзини факултети и дипломи кога не стекнала ниту основно образование кое се однесува на основните правила на играта во политиката. Но таа не е ниту од далеку толку виновна колку оној што и укажал доверба да биде министерка.

ФБ статус на Ѓорѓи Спасов

 

 

loading...

 

Македонија

Свет