ГДУ: Граѓаните ги видоа вистинските лица и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Се штанцаа закони во пет до дванаесет, а глумата беше на очиглед на целата јавност

Објавено на 17.02.2020 во 20:56:18 часот | Македонија

Почитувани,
 
Едните организираат марширања, претходните контрапротести. За што ќе
марширате? Вие сте на власт, а правда не донесовте во изминативе три
години. Ниту криминалците завршија во затвор, ниту бројчаникот почна да
врти, а проблемите на граѓаните со кои секојдневно се борат си останаа.
Ќе марширате за амнестијата што ја избоксувавте? За тоа што со години ја
замајувате јавноста со некаква борба за правна држава, а всушност е
борба за полнење на сопствените џебови и заштита од криминалите?
 
Граѓаните ги видоа вистинските лица и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Се
штанцаа закони во пет до дванаесет, а глумата беше на очиглед на целата
јавност. Многу провидни игри се играа, во која главната улога повторно
ја имаа интегративците, кои очигледно сакаат да седат на две столчиња.
Наводно им удоволуваат на колиционите партнери, ама им намигнуваат и на
оние старите проверени. Устите им се полни со право и демократија, а
битката на секој му е јасно дека е за друго. Комотно да се краде, а
никој да не одговара. Па уште и закани дека ќе имало одговорност. Зарем
некој сѐ уште верува во тоа? Исто како што го вратија Груевски.
 
 
Доказ за лажните заложби и ветувања е промената на Изборниот законик. Се
направија измени во корист само на Ахмети, но не и во корист на цело
општество. Ништо од отворените листи кои се ветуваа, а кои ќе донеса
поголема демократизација. Зошто? Затоа што не им одговара на султан
партиите. А интересите на граѓаните повторно им беа на последно место.
Заев и Мицкоски си остана заложници на Ахмети, а нивните пратеници како
и во цел мандат притискаа послушно само тастери.
 
ГДУ во наредниот парламентарен состав ќе иницира веднаш промена на
Изборниот модел, отворени листи кои ќе им овозможат на граѓаните да
гласаат за личности кои ќе ги претставуваат и ќе се борат за нив во
Парламентот, а не да бидат слепи послушници кои ќе им служат само на
лидерите.
 
Патот кон Европа не е само гласање на закони, туку и спроведување. Во
Европа не се оди со злоупотреби и манипулации.
 
Затоа најдобро и едните и другите да организираат марш на лицемерието.
 
Со СДСМ и ДПМНЕ правда, како што би рекол поранешниот премиер „мало
сутра"!
 
--
Центар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија - ГДУ

 

 

loading...

 

Македонија

Свет