Зоран Заев гостин во шоуто на Жаре, Еден на Еден: Живеам како студент во Скопје, се хранам со виршли и салама

Објавено на 18.02.2020 во 19:29:02 часот | Македонија

Поранешниот премиер Зоран Заев вели дека е азилант во Скопје и живее сам во премиерската вила.

Во шоуто „Еден на Еден“, кое ќе се емитува во недела, на Канал 5 од 18.30, Заев на Жаре му открил многу лични приказни, велат од Продукцијата.

– Живеам како студент во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив. Имам две жени што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам. Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да пржам – изјавил Заев.

На прашањето на Жаре, како се храни, тој рекол: „Јадам што има во фрижидерот, паштета, салама, виршли“. Заев зборувал и за семејството, за детството во Муртино и за својата прва работа од која ги заработил првите пари.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет