БОМБА НА МАКТЕЛ - ДОЗНАВМЕ ЗОШТО ЧУЛЕВ РАЗМИСЛУВАЛ ЗА ОСТАВКА: МИЦКОВСКИ ВРШЕЛ ЖЕСТОК ПРИТИСОК ВРЗ ЧУЛЕВ НЕЗАКОНСКИ ДА АПСИ ВИДНИ СДСМОВЦИ ПРЕД ИЗБОРИ!

Објавено на 18.02.2020 во 20:42:45 часот | Македонија

Мактел дознава дека Мицковски бил очаен овој период со оглед што анкетите покажуваат стабилизирање на рејтингот на СДСМ откако издиша аферата Рекет и откако е очигледно дека земјава ќе добие старт на преговори во март.

Па за да може нешто да добие на следните избори го терал техничкиот министер Чулев да пишува кривични пријави и да апси видни членови на СДСМ па се шпекулира дека на листата биле и членови на семејството Заеви.

Чулев немал храброст да се глупира до тоа ниво и да прави будала од себе па му се стемнило и решил да си поднесе оставка.

Во последен момент денеска успеале да го предомислат со ветување дека веќе нема да му вршат притисок од партија.

Ова се шпекулациите кои кружат во градот, овие информации не се проверени.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет