БОМБА НА ОРДАНОВСКИ: СИГУРЕН СУМ ДЕКА НАЌЕ ЧУЛЕВ И ОСТАНАТИТЕ ТЕХНИЧКИ МИНИСТРИ ВО ВЛАДАТА ОД РЕДОВИТЕ НА ВМРО СОНУВААТ 24/7 ЗА ОСТАВКА, ЦЕЛА ДРЖАВА ИМ СЕ СМЕЕ НА ГЛУПОСТИТЕ НА КОИ ГИ ТЕРА ПАРТИЈАТА!

Објавено на 19.02.2020 во 16:45:48 часот | Македонија

Лажната вест за тоа дека министерот Чулев, а и другите негови опозициски колеги во оваа техничка предизборна влада, се подготвуваат да си поднесат оставка, се прошири вчера во доцните попладневни часови како шумски пожар во австралиска нискостеблеста пустина! Оставките, наводно, веќе биле напишани, само се чекал следниот погоден ден тие и да се објават.

Брзата реакција на ВМРО-ДПМНЕ за кратко време ја расчисти лажната криза на повидок: „Власта нема да ја има таа среќа нашите кадри да ја напуштат владата“, остро демантираше опозицијата, обвинувајќи го СДСМ за продуцирање фејк-шпекулации.

А којзнае дали таа идеја Чулев и колегите да се повлечат од оваа техничка влада е така лоша?

Факт е дека „пржинскиов“ модел за предизборна контрола на извршната власт се претвори во непријатна пародија на потребата меѓусебната недоверба меѓу власта и опозицијата да се „балансира“ со физичко и политичко присуство на претставници на опозицијата во неколку изборно „критични“ министерства. Во практика, меѓусебното надгледување во спроведувањето на функциите на овие министерства 100 дена пред изборите се претвори во платформа за меѓусебни обвинувања во кои трката е единствено кој ќе произведе повеќе негативни вести за другиот, по целиот азбучен ред на навреди и клевети. Потоа зад таквите „вести“ застануваат заглушувачките пропаганди на партиите, за непријатниот секојдневен впечаток да е комплетен.

Кога на тоа ќе го додадете и квалитетот на самите кадровски решенија – а сегашниве од опозицијата, објективно, не можат да импресионираат никого – целата замисла и нејзиното оперативно спроведување наликува на целосно политичко и функционално фијаско. Ниту таму нешто важно предизборно се контролира, ниту, пак, техничките министри можат да направат важни предизборни услуги за опозицијата кои би се протегале повеќе од нивната пропагандна улога.

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

 

 

loading...

 

Македонија

Свет