Препораки за заштита од коронавирусот: Да се кашла/кива во подлактица, а не во дланка, често миење раце...

Објавено на 19.02.2020 во 16:51:55 часот | Македонија

Министерството за здравство објави листа на препораки за превенција на граѓаните од коронавирусот:

Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се јаде храна направена од болни животни.

Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирова и да се мијат задолжително рацете после секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца истите убаво термички да се обработат.

Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема.

Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.

Задолжително и често миење на раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол.

Заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или да се кашла/кива во подлактица, а не во дланка. По употреба, марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет