НЕМОЈ ВИЦЕ, НЕ ГО СЛУШАЈ ГЕРОТА, НЕ СЕ ПОВЛЕКУВАЈ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ КАКО ШТО ТИ СОВЕТУВА, ЗАТОА ШТО ОД ТЕБЕ СЕ СОЗДАВА МИТ, ПАНДАН НА ТОА ШТО БЕШЕ САШО МИЈАЛКОВ!

Објавено на 21.02.2020 во 23:19:07 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Геро го советува Вицета да се повлече од јавниот живот. Секако, советот е комплетно погрешен и Вице не треба да го послуша. Еве зошто. Да одиме по ред.

Зошто падна ВМРО од власт? Поради аздисаноста но и митот за Сашо Мијалков, шефот на македонската мафија, братот близнак на Грујо со кој владееја мафијашко - режимски со земјата.

Преку правењето мит за Сашо за КАПИ ДИ ТУТИ КАПИ се искомпромитира и Груевски. А Сашо и ВМРО ДПМНЕ помогнаа во тоа со тоа што Сашо навистина пљачкаше не се срамеше ич ниту криеше, а пак ПР тимот на Грујо не му дозволи да излезе од таа темница во која беше скриен па остана да расте како некаков балон за кој се креираа митски димензии.

Исто е и сега сценариото на ВМРО ДПМНЕ, се прави обид да се сруши Заев со тоа што ќе се создаде ист таков мит за Вице Заев, пандан на она што беше Сашо Мијалков.

Демек, ете штом Вице е ШЕФ НА ПОДЗЕМЈЕТО, и штом за него никој не смее да писне и штом он ќути цело време и се крие значи стварно е опасен МАФИЈОЗО, а што Заев го толерира значи го штити па значи и двајцата се КРИМИНАЛНО МАФИЈАШКО РЕЖИМСКО ДУО.

Ете тоа е планот на ВМРО ДПМНЕ, затоа од утро до вечер Вице Заев не им излегува од уста. И затоа и Геро му советува на Вицета да не излегува со интервјуа, да се скрие некаде, за да им успее сценариото.

Ако Вице Заев излезе од сенката и почне да се движи како што се движи низ земјава без бодигарди, ноншалантно облечен во маици и џемпери и патики значи со тотално Струмички стил а не со МАФИЈАШКИ стил каков што Сашо Мијалков обожаваше и се гордееше да се курчи во јавноста, сценариото на ВМРО ДПМНЕ ќе има големи проблеми да ЗАЛЕПИ во јавноста.

Ако Вице Заев продолжи да дава интервјуа, да се појавува во ТВ дебати, да се отвори пред јавноста, народот ќе увиди дека далеку е тој од еден Сашо Мијалков. Како што впрочен и Зоран Заев е далеку од еден Никола Груевски.

Затоа на Вице му предлагам и понатаму да си работи по закон како и досега, да си го развива бизнисот со усул и мерка како и досега, како и досега да не ја користи власта и моќта на брат му за да презема цели индустрии и бизнис сектори и од милионер да станува милијардер како што сакаа Камчев и Мијалков, туку да си остане во благ подем и да не се крие од јавноста и од камерите, да прифаќа интервјуа, и да продолжи да му помага на брат му со совети, лобирање, агитирање итн, затоа што брат брата не рани ама тешко кој го нема!

Ете и на Трамп најблиски соработници му се неговите синови, ќерката и зетот, сепак крв не е вода. Вице не е директно во политиката но нема зошто да не му помага на братот да се избори во битката, сепак оваа битка не е на Заев, таа е наша битка, се работи за иднината на сите нас!!!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија