РЕПОРТ - ДЕНЕСКА БЕВ НА ПРЕС НА МИЦКОВСКИ ВО БЕЛАТА ПАЛАТА: ЛИДЕРСТВО НА СДСМ, ПРВ ВТОР ТРЕТ И ЧЕТВРТИ ЕШАЛОН, СЛОБОДНО МОЖЕ ДА НАРАЧАТЕ ШАМПАЊ И ОГНОМЕТ, МИЦКОВСКИ НЕМА ПОЈМА ШТО ПРАВИ, ИЗГУБЕН Е 102 %

Објавено на 22.02.2020 во 14:06:27 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Денеска бев на прес на лкидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицковски. Промовираше човекот гасификација, проект кој прв во земјата го воведе Зоран Заев пред 10 години во Струмица.

Но нема везе, нека тера човекот. По излагањето новинарка го прашува за изјавата на Заев дека СДСМ е мултиетничка партија и овој со цел памет на тоа одговара нешто во стилот:

- Па он се срами од родот свој, ВМРО ДПМНЕ ќе остане стожер на македонштината и единствен заштитник на македонските национални интереси!

Мислам дека после оваа изјава, на Бихачка имаат отворено така големо шампањско што еден човек не може да го држи со две раце.

ЕЕЕЕЕЈ КОЈА ЗЕЛКА ЗАБЕГАНА ЗАЛУТАНА!!! Наместо пусти изгубен Мицко да проба да одговори на проектот на Заев ЕДНО ОПШТЕСТВО ЗА СИТЕ олицетворено во тоа што СДСМ има градоначалници Роми, Власи и Албанка, има потпретседатели на партијата кои се Албанци, за да проба да парира на тој модел и да проба да го имитира тоа па ВМРО ДПМНЕ да се отвори кон Албанците и Ромите и другите па да видиме потпретседатели и пратеници Албанци, Роми и Босанци за да проба така да се врати на власт, Мицковски фати да му се смее и да плука кон Заев затоа што изјавил дека партијата му е мултиетничка?!?!

Па токму поради тоа што СДСМ е мултиетничка, СДСМ дојде на власт иако ги изгуби изборите?!?! И ПАК ЌЕ ДОБЕИ НОВ МАНДАТ ДУРИ И ДА ГИ ИЗГУБИ ИЗБОРИТЕ?!?! Значи толку е овој политички модел СУПЕРИОРЕН и наместо Мицко да му се поклони на Заев и да учи од него он му се смее?!?!

СЕ СМЕЕ НА СВОЈОТ ПОЛИТИЧКИ ПОГРЕБ?!?!?!

Морам да признаам дека го преценив Мицковски. Мислев дека еден доктор на машински, значи инженер логичар математичар добро ќе знае да излогицира и измери дека во денешна ПОСТРАМКОВСКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА да нудиш националистички моноетнички политички концепти е рамано на тоа да во воена битка денеска каде се борат со стелт авиони томахавки снајпери ласери и дронови ти да маваш со сабја и да се дереш ВМРОООООО!!!

Сликовите ова горе е Мицко а ова доле е Заев, ако нивните политички орудија ги пресликаме во воени орудија, ете тој е односот и што мислите кој ќе победи после 12-ти април?!?!

Затоа мојата порака до првиот, вториот, третиот и четвртиот ешалон на СДСМ е слободно уште сега почнете да нарачувате кетеринзи, пијачки и огномети, славје ќе има, Мицковски е изгубен во просторот и времето, ВМРО ДПМНЕ долго време ќе дреме на клупа и тоа засега е одлична вест, ќе видиме до кога!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија