МАФИЈАШКИ ФИНТИ: Откако сведочеше во „Рекет“, банката на Орце Камчев ја раскина соработката со адвокатот Васил Димишков

Објавено на 23.02.2020 во 11:25:28 часот | Македонија

Најверојатно незадоволен од исказот којшто Васил Димишков го даде во својство на сведок, а во врска со предметот „Рекет“, сопственикот на „Стопанска банка Битола“, Орце Камчев, ја прекинал соработката со адвокатот!

Имено, како што пренесува „Правосудство.мк“, само неколку часа по сведочењето на Димишков нему му стигнало известување од банката чијшто сопственик е Орце Камчев дека тие ја раскинуваат соработката со него и дека го откажуваат претходно даденото полномошно за застапување пред судовите во државата.

Не успеавме да дознаеме дали како потписник на известувањето до Димишков стои името на Владимир Ефтимовски, директорот на „Стопанска банка Битола, односно човекот кој прв ќе ообара од Димишков да му помогне на Камчев, но она што секако е интересно е дека адвокатот ги штител интересите на банката во десетина предмети и тоа пред неколку судови, а сега без објаснување и еднострано се раскинува секаква соработка со него.

повеќе

 

 

loading...

 

Македонија

Свет