Маричиќ: Гоце Делчев за нас е многу важен македонски јунак, за Бугарија е важен бугарски јунак

Објавено на 23.02.2020 во 12:22:49 часот | Македонија

Треба да сме претпазливи и внимателни и не треба да даваме никакви конкретни прогнозирања поврзани со датуми, бидејќи во минатото тоа не функционираше, вели во неделното интервју за РСЕ, Бојан Маричиќ, националниот координатор за европски прашања во Владата. Тој вели дека условите за преговори се исполнети, а сега останува на одговорноста на ЕУ да донесе одлука. Маричиќ зборува и за новата методологија на ЕУ и за очекувањата на граѓаните во борбата против криминалот и корупцијата.

Што се однесува до прашањето дали со новата методологија на пример се дава сигурност дека Бугарија нема да ја блокира Македонија ако не прифати дека Гоце Делчев е Бугарин, Маричиќ вели:

-Мислам дека на таков начин резолутно не можеме да ги поставиме работите. Она што е важно со Бугарија е да го имплементираме договорот за добрососедство и пријателство. Во духот на тој договор е заедно да прославуваме некои личности и постојат и комисии кои работат на тоа, политичките водства работат на тоа и не верувам дека се работи за тоа да се утврди или признае дали Гоце Делчев е Бугарин, туку многу повеќе од тоа како може да го направиме уште повеќе Гоце Делчев да биде симбол на спојување, бидејќи за нас е секако многу важен македонски јунак, за Бугарија е исто така важен бугарски јунак. Мислам дека тоа е личност која може да нè спојува, би било навистина гревота да не раздвојува. Целта на Договорот за пријателство и добрососедство е да изгради доверба, пријателство и од една страна да се признае заедничкиот дел од историјата, од друга страна да се препознае можноста за заедничка иднина, секако ние не можеме да имаме дилеми меѓу нас на кој јазик зборуваме, како се чувствуваме итн. Во 21 век тие прашања се навистина надвор од дискусија.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет