ТРАГЕДИЈА ВО КУМАНОВСКОТО СЕЛО РОМАНОВЦЕ: Три деца загинаа, а шест лица се тешко повредени при експолозија на плинска боца во семејна куќа!

Објавено на 23.02.2020 во 12:56:54 часот | Македонија

Три деца загинаа, а шест лица се тешко повредени при експолозија на плинска боца во семејна куќа во кумановското село Романовце, дознава САКАМДАКАЖАМ. Несреќата се случила утринава околу 10 часот, во дневната соба, на приземјето на куќата каде што се наоѓале повеќе членови од семејството. Неофицијално, несреќата се случила додека двете ќерки биле дојдени на гости кај родителите.

Од Противпожарната единица од Куманово велат дека повикот го добиле во 10:00 часот, и излегле на лице место со едно возило и четворица пожарникари.

„Причината за пожарот е експлозија на плинска боца. Роднините и соседите ги изнеле повредените, по што ние околу еден час го гасневме пожарот“, велат пожарникарите.

Шест лица се пренесени во Општа болница Куманово каде им се констатирани тешки телесни повреди.

Поради сериозноста на повредите тие се префрлени во Ургенетн центар Скопје. Известен е јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово кои се на терен и ќе ги утврдуваат причините за несреќата.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет