БОМБА НА ЗАЕВ: Снимките на Милошоски покажуваат зошто беше важно носењето на Законот за ЈО!!!

Објавено на 23.02.2020 во 13:24:57 часот | Македонија

Заев во интервју за Press24: Снимките на Милошоски покажуваат зошто беше важно носењето на Законот за ЈО

„Јас во објавените тонски снимки ја коментирам одлуката на Врховен суд за непостапување за предметите од СЈО после јуни 2017 година, состојба со која предметите паѓаа доколку не се изгласаше Законот за јавно обвинителство.“
Вака лидерот на СДСМ и поранешен премиер Зоран Заев ги коментира денеска објавените снимки од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.
Тој во интервју за Press24 вели дека снимките најверојатно настанеле на некој од состаноците во рамки на преговорите кои се водеа со групата пратениците кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ.

„ Разговорот некој од присутните неовластено го снимал додека се разговара за причините и потребата зошто треба да се донесе законот за Јавно обвинителство.  Toa се веројатно разговори од состаноците кои се водеа со претставници на партиите од власта и опозицијата од албанскиот блок на партии, кога се убедувавме и објаснувавме со групата од осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ зошто е важно да се донесе Законот за јавно обвинителство.

Неовластено снимениот разговор покажува зошто мораше да се донесе Законот за јавно обвинителство - покажува како со него се надминува одлуката на Врховен суд. Со ЗЈО овозможивме сите предмети да добијат правна разрешница врз основа на обезбедените докази. Се зборува дека врховните судии јасно информирале дека ќе ја донесат одлуката што тогаш ја донесоа согласно законот за СЈО каде што е предвидено дека до 30.06.2017 неовластени разговори се докази, а после може да бидат само индиции. Се друго што се слуша во објавеното неовластеното снимање од Милошоски е само аргумент плус преку убедување на соговорниците и потврда, зошто треба да се донесе новиот закон за Јавното обвинителство. 

ВМРО-ДПМНЕ се закопа, пушта снимки од разговори од време кога сите знаеа дека предметите на СЈО беа под закана - Милошоски го знае новиот закон, тој, Груевски и Мицкоски знаат дека предметите ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази. Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен. “ – вели Заев во интервју за Press24.

Целото интервју е достапно на следниот линк

 

 

loading...

 

Македонија

Свет