(ВИДЕО) Заев: Јас до 1993 година одев да копам на нивата во Муртино

Објавено на 23.02.2020 во 21:03:49 часот | Македонија

Екс-премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување на „Еден на еден“ на Канал 5 говореше за своето детство поминато во родното Муртино и раните денови поминати во ова село.

„Јас до 1993-та година одев да копам на нивата во Муртино, моето родно место. Тогаш се вадеа пари доста од земјоделието и тоа се продаваше на пазарите во Србија, Босна. Поминав 4-5 години на пазарите низ Србија, го продавав родот. Кога се вратив од студиите во Скопје, бев магационер една година во фирмите на мојата фамилија. Па истоварав половина шлепер, тоа е убаво искуство. Јас велам, не мора веднаш директор да се стане“, истакна Заев.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет