ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА, ГЕОРГИЕВСКИ: Проектот за дуално образование, почна да дава резултати. Младите кои беа дел од проектот и кои добија доквалификација во одредени занаети, добија шанса за работа во компаниите кои се наоѓаат на наша територија

Објавено на 23.02.2020 во 22:23:49 часот | Македонија

Проектот за дуално образование, почна да дава резултати. Младите кои беа дел од проектот и кои добија доквалификација во одредени занаети, добија шанса за работа во компаниите кои се наоѓаат на наша територија.

Овој проект е доказ дека кога сите заеднички ќе се вложиме, општината, со стручните средни училишта и компании на наша територија, позитивниот исход е неизбежен.

За бенефитите од проектот денеска имаа можност да слушнат и заменик амбасадорот на Швајцарија, Стефан Томаџан како и тим лидерот на Швајцарската организација Хелветас, Курт Витрих, заедно со претставниците на компаниите, кои беа фасцинирани од менаџирањето на проектот кој веќе дава големи резултати.

Според нив, општина Гази Баба е една од ретките кои успева заедно со релевантите фактори да ги мотивира младите да се запишуваат во стручните средни училишта, каде по нивното завршување веднаш добиваат работа, а со тоа директно да влијаат на намалување на невработеноста како и да им се обезбедат услови останат во својата општина и земја, наместо да бараат работа во странство.

Им благодарам на сите учесници во проектот кои дадоа свој придонес и што со заеднички заложби ќе помогнеме младите полесно да се одлучат во која насока ќе сакаат да го продолжат своето образование а со тоа да им помогнеме на компаниите да добијат соодветен кадар, процес кој директно ќе влијае на намалување на невработеноста. Верувам дека овој проект и понатаму ќе дава позитивни резултати, а нашиот пример ќе го следат и другите општини и средни училишта.

 

 

loading...

 

Македонија

Свет