Еј луѓе, 400 милиони евра од буџетот сме дале субвенции на земјоделците, па имаме ли ние памет кај тераме, наместо они нас да не хранат, ние нив ги храниме?!?!

Објавено на 29.02.2020 во 23:20:41 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Речиси пола милијарда евра од буџетот заминале во џебовите на земјоделците за само 3 години?!?!

Чекајте бе луѓе, па кај тераме ние, дали имаме памет што правиме?!?!

Ние што плаќаме даноци и немаме земја и едвај имаме пари да си купиме пола кило краставици и домати и едвај успеавме да се заблажиме со овошје кога ќе начекаме паднати цени таму некаде во крај на септември, ние значи обичната раја од наш џеб им даваме на земјоделците стотици милиони евра во кеш?!?!

Ние голтарите што немаме ниту земја ниту фарми ниту стока и јадеме месо во вид на плескавици со соја и виршли со клунови и тртки од кокошки, им даваме милиони на газдите на земја, кои си имаат изобилие на храна на своите фарми и не знаат дента дали да заколат јагне дали јаре дали гуска дали мисирка дали петел дали теле да бутнат или две три прасиња?!?!

Значи ние на богатите Струмичани, Кавадарчани, Прилепчани, Битолчани, Ресенчани, Тетовчани, Кочанчани кои млатат илјадници евра од овци, крави, домати, пиперки, грозје, јаболка, ориз и тутун им даваме да се почастат уште пари во кеш да си купат уште некоја кола или мотор а нас кој ќе ни даде?!

Ние што сме радничка класа и што немаме ништо?! Што работиме за минималец за да протераме месец?! Што немаме ниту крави ниту кози ниту овци ниту лозја ниту полиња со жито тутун или ориз?!?!

Наместо селото нас да не храни ние го храниме селото, така вулгарно испаѓа работава?!?!

Чекајте бе луѓе, земјоделието е бизнис од кој се вадат пари или е тоа социјала, милостира, сиротиња?!

Кога јас идам на тезга на зелен пазар или во разните зелени проданици низ градот никој не ми вика на дечко земи ова ќесе со производи, оди дома јади, туку сите бараат пари и тоа добри пари, краставиците цел месец се 200 денара кило, доматите исто?!

И зошто сега ние рајата нив да им даваме уште плус пари како подарок?! За да земјоделците гласаат за партиите кои им ги даваат нашите пари, за тоа ли?!

Ова лудило мора да престане, Грујо го воведе на инсистирање на Велија Рамковски но некој мора ова лудило да го запре, мора да се најде храбар политичар кога тогаш!

Срамота е народот кој живее во трошни куќички и мали станчиња и рмба за 200-300е месечно да од своите даноци плаќа стотици милиони евра субвенции за богати фармери кои годишно млатат по 10, 50 и 100 илјади евра од своите земјоделски производи, при што живеат во изобилие на храна и простор и природа, ниту плаќаат дрва за огрев, ниту плаќаат пари за храна, а ние ниту дрва имаме ниту храна имаме ниту дворче ебено имаме живееме како во кафези затворени со мали тарасички на кои нема место да застанеш и да прднеш...

ДДВ-то го плаќаме сите и наместо тие пари да се дадат за поважни работи, ние им дозволуваме на партиите да си купуваат гласови со тоа што им ги полнат и онака полните џебови на земјоделците?!?!

Земјоделците се милионери, ако земеш да им направиш попис на трактори, опрема, коли, комбиња, фарми, ниви, куќи, машини, стока, они имаат имот каков што ние обичната работничка класа може да сонуваме, и уште им даваме гратис уште да бидат побогати од нашите даноци?!?!

Па добро дали сме ние нормални?!

Ок животот на село бил тежок, така е, но има модерни села. Еве нека овие 400 милиони евра наместо субвенции се пренасочат во вид на водоводи, канализации, патишта, тогаш нема да ме е јад за парите.

Но не ги турајте во џебовите на фармери кои имаат паркирано по 5 лимузини и џипови пред куќите, и уште 3-4 мотори, нема логика ова дечки.

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија