Најголемиот проблем на Мицковски е што е далеку од она што беa Љубчо 1998-ма и Груевски 2006-та - лидери кои ветуваа и опиваа маси народ, првиот со харизма на Исус, вториот со политичка амбициозна ѕвезда во успон која делуваше уверливо надежно способно и вредно!

Објавено на 01.03.2020 во 10:39:07 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Љубчо и Грујо беа сосема различни политички лидери, но и двајцата имаа свои адути во ракавот. Љубчо со харизма на ИСУС, со ораторски квалитети, со храбри политички визии како ТАТКО НА МОДЕРНАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА со речениците НАША АРМИЈА, НАША ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА, НАША ВАЛУТА итн итн итн...

Искажани во време кога УДБА, ЈНА, Сојуз на Комунисти, ЈУГОСЛАВИЈА сеуште беа БОГ И БАТИНА во Македонија.

Уште пак паролите за борба против криминалната приватизација и ветувањата за економски и национален препород го направија Љубчо во 1998-ма политичка ЛАВИНА, политичко ЦУНАМИ што ги збриша левичарите наследници на СКМ - ПДП!

По речиси 10 години дојде време за нова политичка ѕвезда лидер на ВМРО ДПМНЕ во обид да ја врати десницата на власт. Овој пат Груевски не беше политичка харизма и оратор, но имаше една друга неверојатна силина - мит за економски ГУРУ, основач на македонската берза, воведувач на славниот ДДВ, екс советник на ММФ на балканот, едноставно ТЕХНОКРАТ кој јаваше на митот за способен вреден реформист кој ветруваше дека од Македонија ќе направи БАЛКАНСКИ СИНГАПУР!

За клучен момент да се врати на власт беше и судирот со Љубчо кој беше повеќе од уверлив, во еден момент се вадеа и пиштоли на еден конгрес во славната Панорама на Водно! Со тоа сите гревови на ВМРО ДПМНЕ пред тоа паднаа во вода! Грујо се престави буквално како политичар без никаков багаж на своите плеќи!!! За тоа помогна и целосно новата екипа на ВМРО ДПМНЕ од некаква дечурлана собрана од кабинетот на Грујо во финансии во мандатот 1999-2002-ра.

И народот меѓу кои и јас, гласавме за него во 2006-та. Наспроти него тогаш беше насмеаниот ноншалантен на моменти и несериозен Бучковски кој некако трапаво менаџираше со земјата по бледите премиерски периоди на Бранко и Хари Костов. Комуњарите некако делуваа раскалашено, медиумите ги масакрираа со разни афери, Груевски делуваше како многу подобра опција, народот реши да си ја проба среќата со него.

Сега, после 15 години од тогаш, ВМРО ДПМНЕ по трет пат се обидува да се врати на власт. Овој пат ниту имаат харизматичен оратор ниту пак мит за економски технократсики ГУРУ. Не, имаме една бледа лидерска појава кој делува изгубено во високата политика. Професорче со цвикери кој еден ден е националист, друг ден е економист, трет ден е професор по енергетика и машинство, четврт ден е циркузант и во тој КАЛАБАЛАК никого не може да убеди во ништо од тоа. ТОЈ Е ОБИЧЕН ПРОСЕЧЕН БЛЕД НЕУБЕДЛИВ ШАРЛАТАН!

И тоа во моменти кога се уште се свежи ЗЛОДЕЛАТА НА РЕЖИМОТ НА ГРУЕВСКИ, тој не успева ниту да се дистанцира од Грујо како што тоа го направи самиот Грујо во 2003-та кога влезе во конфликт со Љубчо и со тоа сите гревови на ВМРО ДПМНЕ заминаа во канализација, овој пат ниту тоа го немаме.

Значи ниту дистанцирање, ниту харизма, ниту мит за некаква способност технократска, економска, реформска, ништо од тоа! ЗНАЧИ ИМАМЕ ЕДНО ГОЛЕМО НИШТО?!?!

Од друга страна го имаме Зоран Заев, значи не Бранко кој беше како ЦРНА ЧУМА означен, ниту пак Бучко кој делуваше на моменти како циркузант, не, Зоран Заев во моментов делува како политички СУПЕРМЕН засилен со неговата навистина ВУДУ ПОЛИТИКА да подаде рака и да ги придобие кон себе Албанците и Турците и Торбешите и Ромите што го прави некаков МИНИ ТИТО во земјава што му дава невидена политичка моќ, па уште и харизмата Струмичка му дава и еден вид на ТЕФЛОН ШТИТ па што и да фрлат кон него опозиционерите не се лепи, уште утре паѓа и ликот му свети како нов?!?!

Кон таков Зоран Заев, и уште свежи сеќавањата за режимот, ВМРО ДПМНЕ требаше да понудат лидер кој ќе беше некаков микс меѓу ЉУБЧО И ГРУЈО И ТИТО И ИСУС И МАЈКА ТЕРЕЗА И АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ И ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ И ДАМЕ ГРУЕВ И....

Значи требаше да најдат лидер кој ќе зрачи со харизма, кој ќе се извинува за грешките и злоделата, кој ќе влева надеж, оптимизам, сигурност, кој ќе има јасна престава КАДЕ ЈА ВОДИ ЗЕМЈАВА, ќе ги спрема ВМРОВЦИТЕ дека Преспа и договорот со Бугарија се нужно зло, кој полека ќе му парира на Заев во односот со АЛбанците, кој ќе се дистанцира од Груевски, кој ќе има шарм и хумор и аура и харизма но и сериозност и стабилност и стаменост и храброст...

НИШТО ОД ТОА ВО МОМЕНТОВ, МИЦКОВСКИ ПАЃА НА СИТЕ ТИЕ ТЕСТОВИ, ЗАТОА ВМРО ДПМНЕ НЕМА ДА УСПЕЕ ДА СЕ ВРАТИ НА ВЛАСТ НА 12-ти АПРИЛ!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија