(ВИДЕО) НА БАЛКАНОТ ЗА ОВА СЕЧАТ РАЦЕ: ГЕРМАНСКИ МИНИСТЕР ОДБИ ДА СЕ РАКУВА СО ПРЕМИЕРКАТА АНГЕЛА МЕРКЕЛ ПОРАДИ СТРАВ ОД КОРОНА, ТАА САМО СЕ НАСМЕА

Објавено на 02.03.2020 во 16:42:55 часот | Свет

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер не се ракуваше со канцеларката Ангела Меркел поради епидемијата на корона вирус.

Меркел стигна на самитот за интеграции и не се ракуваше со присутните. Но, до неа седеше министерот Зехофер кому му ја пружи раката.

Германскиот министер сепак, одби да се ракува со неа со зборовите: „Не, не…“ германската канцеларка беше изненадена, но се насмеа и рече дека разбира.

Министерот Зехофер од минатата седмица одлучи поради корона вирусот да не се ракува со никого.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија