Папата Франциск не е заболен од корона вирусот

Објавено на 03.03.2020 во 11:12:39 часот | Свет

Папата Франциск, кој веќе неколку дена откажува одредени активности поради настинка, не е заразен со новиот коронавирус, објави италијанскиот весник „Ил Месаџеро“.

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни немаше коментар за наводите на весникот.

Папата е тестиран за коронавирус, бидејќи неговата настинка не поминува со денови, има треска и кашлица.

Тој   кашлаше пред пет дена за време на миса, по што се ракуваше со десетици луѓе на плоштадот Свети Петар.

Во меѓувреме, тој откажа некои аудиенции за да се опорави.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија