ВИСТИНСКА ДРАМА ВО ИТАЛИЈА: УШТЕ 133 ЛУЃЕ ПОЧИНАА ОД КОРОНАВИРУСОТ ЗА ЕДЕН ДЕН ВО ИТАЛИЈА, ЗАТВОРЕНИ СИТЕ ЈАВНИ ОБЈЕКТИ ВО ЗЕМЈАТА, ОТКАЖАНИ СИТЕ ЛЕТОВИ ОД АЕРОДРОМОТ МАЛПЕНСА ВО МИЛАНО

Објавено на 08.03.2020 во 19:42:03 часот | Свет

Бројот на заразени порасна за 25 %. Радикалните мерки во Италија ќе бидат на сила до 3 април (Фото: Гети)

Италија пријави нови 133 смртни случаи од коронавирусот, истиот ден кога на сила стапија строгите мерки на карантин во северните и во централните региони од земјата. Од нив, повеќе од 100 починале во северниот регион Ломбардија.

Според Агенцијата за цивилна заштита, во Италија досега починале 366 луѓе од КОВИД-19 и има пораст на бројот на заразени од 25%, од 5.883 на 7.375.

Премиерот Џузепе Конте објави дека се затвораат сите училишта, музеи, ноќни клубови и други јавни места низ целата земја, додека 16 милиони луѓе од Ломбардија и од 14 други региони ќе мора да добијат специјална дозвола ако сакаат да патуваат. Суспендирани се сите национални и меѓународни летови од и до аеродромот „Малпенса“ во Милано.

Радикалните мерки ќе бидат на сила до 3 април.

Најновите податоци кажуваат дека Италија сега има најголема бројка заразени надвор од Кина, каде што КОВИД-19 првпат беше идентификуван пред нова година.

И во Франција сега има повеќе од илјада заразени, додека бројката починати порасна од 11 на 19.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија