ВУЧИЌ РАСПИША ИЗБОРИ ВО СРБИЈА: Нема да ви се верува колку само партии и коалиции има во Србија, буквално секоја поголема зграда во земјата формирала своја партија!

Објавено на 08.03.2020 во 19:59:37 часот | Балкан

Во Србија власта за 26 април ги распиша редовните парламентарни, покраински и локални избори. Во исто време, опозицијата собрана околу коалицијата Сојуз за Србија (СзС) „распиша“ бојкот на престојните избори, како одговор на вчерашното распишување на изборите на 26 април, на сите три нивоа.

Како што јави дописникот на МИА, со тоа во Србија почнаа две кампањи-едната изборна, на власта и втората за бојкот на „лажните избори“ и борба за „слободни и чесни избори“ на опозицијата, кампањи кои во Србија доста бурно започнаа речиси една година пред распишувањето на изборите.

– Изборите се од пресудно значење за секој граѓанин. Затоа ги молам луѓето да земат учество на изборите, да покажат одговорност кон својата земја и на најдобар начин да го изберат патот за себе и својата фамилија, за да обединети одиме во подобра иднина – изјави српскиот предсетал за време на распишувањето на изборите, посакувајќи истите да бидат демократски и мирни.

– Престојните избори нема да бидат легитимни, без преставници на опозицијата,чии барања власта ги игнорира – изјави на прес конференција Зоран Лутовац, председавач на опозискиот СзС и лидер на Демократската партија (ДС), истакнувајќи дека „Вучиќ води камапања на лажни избори и создава своја опозиција“, наместо да ги уважи барањата за подобрување на изборните услови, за истите да бидат „слободни и чесни.“

Од средината на минатата година, власта и опозицијата, со посредство на медијаторите од Европскиот парламент, половично водеа разговори околу подобрување на изборните услови, кои донекаде беа корегирани, но без регулирање на „слобода на медимите“, што бараша опозицијата и со намалување на изборниот цензус на три проценти, на барање на Вучиќ, со желба за излегување на изборите на помалите опозициски партии.

Во согласност со ставовите на власта и опозицијата, во пресрет на изборите, партиите во Србија веќе од почетокот на годината се определуваа кој ќе излезе, а кој ќе ги бојкотира изборите.

Според досегашните најави, како сигурни учесници на изборите со посебни изборни листи ќе излезат владејачката Српска напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ и Социјалистичката партија (СПС) на Ивица Дачиќ. Со СНС во коалиција засега ќе одат Движењето на социјалистите на Александар Вулин, Социјадемократска партија на Србија на Расим Љаиќ, партијата на Обединети пензионери, партиите на министерот Ненад Поповиќ, на Богољуб Кариќ и други помали партии, кои за разлика од 190 пратенички места за СНС ќе добијат 60 мандати на изборната листа.

Социјалистичката партија на Србија на изборите ќе оди со нејзиниот трдиционален партнер, Единствена Србија на Драган Марковиќ Палма и неколку партии на малцинствата, со очекување на освоени 11 проценти од гласовите.

Од проевропските и опозициски партии на изборите ќе излезат неколку помали партии и здруженија, меѓу кои е Фронтот за Војводина предводен од Ненад Чанак, Либералнодемократската партија (ЛДП) на Чеда Јовановиќ, Граѓанскиот преокрет и Србија 21 предводена од поранешни членови на ДС, ЛДП и СДС, како и здружението „1 од 5 милиони“ кое важеше за организатор на антивладините демонстрации во 2018/2019.

Од останатите партии, сигурни учесници на изборите се Радикалната партија на Воислав Шешељ, а учеството на изборите од екстремната десница најавија и партијата Србска

десница на Миша Вациќ и Заветници на Милица Стаменковски. Од умерената десница тука се Народниот блок на Мирослав Паровиќ, Велимир Илиќ и Момир Стојановиќ и Српската патриотска алијанса на Александар Шапиќ, Метла 21 на поранешните членови на партијата на Воислав Коштуница, Движењето за обнова на Кралството Србија, како и други помали и поумерени партии.

На локалните избори, во единствените градови кои досега беа во рацете на опозицијата, во Шабац и Параќин, и покрај противењето на опозициската коалиција СзС, своето учество на изборите го најавија Партијата Заедно за Србија (ЗЗС) на градоначалникот на Шабац, Небојша Зеленовиќ, и движењето Сигурно напред од Параќин, на сега веќе поранешниот потпретседател на ДС и градоначалник на овој град, Саша Пауновиќ.

Опозицискиот блок Сојуз за Србија (СзС), во кој се Демократската партија (ДС) на Зоран Лутовац, Партијата за слобода и правда (ССП) на Драган Ѓилас, Народна партија (НС) на Вук Јеремиќ, Двери на Бошко Обрадовиќ и синдикатот Слога, ќе ги бојкотираат изборите.

Бојкот прогласија и граѓанските здруженија Да не го давиме Белград, Движењето на слободни граѓани (ПСГ) на Сергеј Трифуновиќ, а бојкот најавија и од Социјалдемократската странка (СДС) на поранешниот претседател Борис Тадиќ, Доста Беше на Саша Радуловиќ, како и неколку локалните групи, како што е Локалниот фронт од Краљево.

Во сабота ќе се знае дали и опозициската партија на поранешниот премиер Зоран Живковиќ, Нова странка (НС), ке излезе на изборите или ќе се приклучи во бојкотот на опозицијата.

Во полемиката во Србија поврзана околу изборите и бојкотот на истите, говори изјавата на познатиот новинар Душан Микља, за ТВ Н1, кој кажа дека „власта во Србија не е загрижена толку за исходот од изборите, бидејќи горе-доле е познато каков ќе биде исходот, туку легитимноста на изборите.“

– Легитимноста не е можна без учеството на поголемиот дел од опозицијата, и затоа во Србија пред изборите дојде до „политичка пандемија“ на џуџести партии, од кои некои никнуваат ни од што – оцени Микља.

ФОТО: EPA / GEORGI LICOVSKI

 

 

loading...

 

Балкан

Македонија