АЈ НЕКА ВИ Е СО СРЕЌА СОБОРЦИ - УШТЕ 4 ГОДИНИ НА ПРАВ ПАТ И ПОСЛЕ СЕ ЌЕ БИДЕ ПОИНАКУ!!!

Објавено на 09.03.2020 во 23:50:31 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Навистина мислам дека постигнавме многу, сите заедно, и власта и ние медиумите кои критикувавме но и помагавме да допре гласот на вистината до што повеќе народ.

Се боревме со лажните вести, со обидите на режимот и мафијата повторно да не победат.

Но уште 4 години на прав пат мислам дека на земјава и се потребни како водичка на цвеќе кое тргнало нагоре и на сред пат и се заканува суша и овенување.

Џабе ќе биде сето ова што го постигнавме ако не го добро армираме и забетонираме за никој никогаш да не може да го сруши.

Затоа ни треба уште 4 години власт за земјава да ја турнеме со голема брзина напред после што ќе нема замирање па кој и да е на власт.

Нов мандат на СДСМ и БЕСА и коалицијата е нешто драгоцено за оваа земја. Сите коцки се наместени, ѕвездите дури ни се наместени за да береме само успеси и успеси како земја и како народ.

Од најтешкото ја извадивме земјата, од калта и од амбисот, сега треба само да ја ставиме земјата на шини и да ја упалиме локомитвата и потоа таа нека лета со полна пареа.

Ајде дечки, ајде другари и другарки, ајде соборци, да направиме уште една голема победа за земјата.

Народот верувам ќе ја донесе мудрата и правилна одлука!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија