МОЖЕА ДА СТАВАТ ДРУГИ ПОЗВУЧНИ ИМИЊА, НО ЗНАЕТЕ ЛИ ЗОШТО СЕ ТИПОВИТЕ КАКО САФЕТ БИШЕВАЦ ДРАГОЦЕНИ ЗА ВМРО ДПМНЕ?!

Објавено на 11.03.2020 во 19:05:29 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Не е толку Сафет Бишевац битен политички за да се најде на чија и да било партиска листа. Има многу пославни јавни личности од него, кои можат да повлечат повеќе гласови за тој што го ставил на листа. 

Но овде се работи за нешто друго. Целта на ВМРО ДПМНЕ е да најде луѓе кои се бореле против Груевизмот и да ги преврти и да ги покаже како ПОКАЈАНИЦИ кои наводно згрешиле што плукале по Грујо. 

Со тоа се пере Груевизмот, наводно не било тоа режим и мафијашка диктатура, туку државотворен патриотски поштен систем на вредни економисти и воркохолици, чесни како Мајка Тереза, систем кој беше срушен со сечени и лепени снимки и корумпираното СЈО.

Тоа е целта на ВМРО ДПМНЕ, не да се врати на власт по секоја цена, туку да ГО ИСПЕРЕ ГРУЕВСКИ по секоја цена!

Затоа се типовите како Бишевац па и Геро многу битни за ВМРО ДПМНЕ, целта на Груевистите е да ги преокрене големите борци против режимот, и да ги присвои на своја страна, они да се покајат и да почнат да се борат против СДСМ!

Затоа овие денови кој знае колкава ли е и мојата цена во ВМРО ДПМНЕ, но тој ден нема да го видат, како и цената на еден Томче Кежаровски, генерал Стојанче Ангелов и редица други борци против режимот!

Затоа и Калајџиев беше толку голем улов, голем сом во рацете на мафијата. Нивните пари и ресурси и енергија се целосно насочени кон истакнати борци против режимот, било да се новинари, политичари, активисти, експерти...

Имајте го сето ова на ум кога утре ќе видите уште некој ПРЕЛЕТАЧ голем капиталец кој некогаш крварел во битката против режимот а сега поради ИКС причини потклекнал и решил да се бламира и брука себеси и каузата за која храбро се борел!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија