Листите на ВМРО ДПМНЕ како да ги правеле Грујо и Миленко мртви пијани у некоја кафана у Будимпешта!!!

Објавено на 11.03.2020 во 19:20:04 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Двајца обвинети од СЈО, Антоњо Милошоски и Игор Јанушев. Антоњо го слушавме како си нарачувал судски пресуди за својот татко.

Лидерот на ордата што влета да тепа и убива на 27-ми април, Дурловски.

Осудениот од Хашки Трибунал за убиства на албански цивили, Јохан Тарчуловски.

Лидерката на движењето БОЈКОТИРАМ за спречување на договорот од Преспа, Сиљановска.

Заменичката министерка која донби отказ затоа што не сакаше да го прифати новото име на земјата, Рашела Мизрахи.

Оваа листа како да ја правеле Миленко и Грујо мртви пијани во некоја кафана во Будимпешта.

Некој и малку да е политички поткован и да разбира политички ПР ќе му кажеше на Мицковски дека треба да бега како ѓавол од крст од неколку теми на овие избори:

- АЛБАНОФОБИЈА!

- 27-МИ АПРИЛ!

- КРИМИНАЛ!

- ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА!

Но за жал он ги стави на чело на својата чета баш луѓето кои се синоним за овие 4 поими за кои Мицковски требаше или да молчи или пак да ретерира, да се извинува, да се дистанцира...

Како овој човек мисли да ги освои неопределените со овие луѓе и потоа да ги убеди Албанците да направат коалиција со него?!?!

Дали овој човек уопште сака да прави влада или се бори само Грујо да не му се налути и да си ја задржи фотељата како лидер на ВМРО ДПМНЕ?! Дали е тоа максимумот за ова бледо професорче по машинство и за повеќе ниту сонува ниту се труди?!?!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија