ТРИУМФ НА МИ-ТУ ДВИЖЕЊЕТО: МОЖНИОТ ХОЛИВУДСКИ ПРОДУЦЕНТ ХАРВИ ВАЈНСТЕЈН ОСУДЕН НА 23 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА СИЛУВАЊЕ И СЕКСУАЛНО МАЛТРЕТИРАЊЕ НА НЕКОЛКУ АКТЕРКИ

Објавено на 11.03.2020 во 21:00:28 часот | Свет

USA | Ehemaliger Filmproduzent Weinstein (picture-alliance/dpa/AP/M. Lennihan)

Вајнстин, кој беше обвинет од десетици жени за сексуално злоставување, минатиот месец беше прогласен за виновен од поротата на судот во Њујорк, откако беше докажан еден случај на силување и еден на сексуално злоставување. Вајнстин се соочуваше со максимална казна од 29 години затвор.

Вајнстин за време на судењето тврдеше дека не е виновен за ниту едно од делата кои му се ставаат на товар, а по пресудата не покажа никаква реакција. Претходно тој го прекина молкот барајќи милост од судијата, изјавувајќи дека почуствувал „емпатија“ за жртвите по откривањето на случаите. Вајнстин пред судот изјави дека чувствува „каење за ситуацијата“, но и дека е изненаден од развојот на случајот и #MeToo климата во која се одвиваше.

„Илјадници мажи ги губат процесите. Загрижен сум за оваа земја“, рече тој, додавајќи дека мажи се обвинуваат за „настани кои никој не ги разбира“.
„Целосно сум збунет. Мислам дека мажите се збунети за овие случаи“, рече Вајнстин и додаде дека има убави сеќавања на жените кои ги обвинуваат.

Повеќе од 90 жени, меѓу нив и актерките Гвинет Палтроу, Салма Хајек и Ума Турман го обвинија Вајнстин за сексуален напад и сексуално злоставување. Откривањето на овие случаи доведе до експлозија на #MeToo кампањата кон која се приклучија милиони жени ширум светот.

Адвокатите на Вајнстин бараа поблага казна поради неговата старост и нарушено здравје. Тие се жалеа дека судењето од почетокот не било фер поради атмосферата создадена со кампањата #MeToo. Вајнстин за една недела ќе наполни 68 години, и неговите адвокати велат дека пресудата е всушност доживотна казна за него.
Вајнстин ќе се жали на пресудата, но се соочува со уште една граѓанска тужба за слични дела и во државата Калифорнија.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија