Актерот Том Хенкс и сопругата објавија дека имаат корона вирус

Објавено на 12.03.2020 во 15:11:18 часот | Свет

Прославениот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон објавија дека имаат коронавирус. Тие велат дека побарале медицинска помош откако почувствувале симптоми на треска во австралиската сојузна држава Квинсленд,  објави Би-Би-Си.

„Сега сме во изолација“, напиша 63-годишниот оскаровец на Инстаграм.

Хенкс и Вилсон престојуваа во Австралија, каде што тој работеше на нов филм за животот на Елвис Присли.

„Во еден момент почнавме да се чувствуваме уморно, како да имаме треска и малку нѐ болеше телото. За да постапиме како што треба, се тестиравме на коронавирус и излезе дека сме позитивни“, изјави Хенкс, додавајќи дека ќе продолжат да го информираат светот за развојот на нивната состојба.

 

 

loading...

 

Свет

Македонија