(ВИДЕО) ВАКВИТЕ КРИЗИ СЕ РАЈ ЗА АВТОКРАТИТЕ - СРБИТЕ ГАДНО НАДРЉАА: ВУЧИЧ ШОУ - ЈАС ЌЕ ГО СПАСАМ НАРОДОТ А ВАС ДА НЕ ВИ Е ГАЈЛЕ КАКО ЌЕ ГО НАПРАВАМ ТОА!!!

Објавено на 14.03.2020 во 15:07:00 часот | Балкан

Линк до ова лудо видео, овде.

Во Србија досега се регистрирани вкупно 41 потврден случај на заразени со коронавирус, соопшти Министерството за здравство на веб-страницата „Ковид19.рс“.

До 8 часот денеска, во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак тестирани се вкупно 256 лица, кои ги исполнуваа критериумите за дефинирање на случајот.

Од последниот извештај вчера до 18 часот, тестирани се примероци на 17 лица, од кои шест биле позитивни и 11 негативни на Ковид-19.

Во Србија забранети се сите јавни собири со над 100 луѓе во затворени простории, а ова важи и за свадби, крштевки, родендени и други традиционални настани, како и собири во угостителските објекти, како ресторани, кафулиња, дискотеки и слично. Забранета е посетата во домовите за стари лица, како и присуство на публика на фудбалските натпревари, но образовните институции и градинките се уште работат и покрај барањата на синдикатот за образование и на опозицијата.

Меѓу лицата за кои постои сомнеж дека се заразени со коронавирусот е и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза, кој е примен на Инфективната клиника во Клиничкиот центар во Белград.

Четириесет и четири помали гранични премини се затворени, забранет е влез за странски државјани кои доаѓаат од жариштата на коронавирусот, а од вчера и за сите странски државјани кои пристигнуваат од Романија.

Српската Влада формира два кризни штаба – едниот за сузбивање на коронавирусот, а другиот за отстранување на ефектите врз економијата, изјави премиерката Ана Брнабиќ.

Производителите на масло, брашно, шеќер, вода, пелени и други производи во Србија соопштија дека немаат проблеми во производството и снабдувањето, иако набавките во последните три дена се зголемени за 100 проценти, но само во Белград, и дека потрошувачите не треба да создаваат резерви за овие производи. МИА

 

 

loading...

 

Балкан

Македонија