Може ли олигархот и режимски профитер Орце Камчев да се искупи за гревовите со нудење значителна помош околу Корона Вирусот?

Објавено на 15.03.2020 во 18:45:03 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Не можете да му забраните никому да даде нешто бесплатно, да помогне, да проба да се искупи за гревовите кои ги има направено и да проба да го смени својот имиџ.

Секој човек заслужува уште една шанса во животот, но дали е предоцна за некои луѓе да успеат во таа мисија, дали е премалку и предоцна како што викаат Американците, TOO LITLE, TOO LATE?!?!

Камчев имаше шанса во животот да застане на вистинската страна и да биде со народот а не да работи против него, да го осиромашува, да го пљачка со помош на ВМРО ДПМНЕ...

Тоа можеше да го направи уште во 2011-та кога виде што го снајде Велија Рамкоовски и Фијат Цановски.

Но не, тој реши да го презема МПМ и со весниците да му дава ветар во грб на мафијашкото дуо Мијалков - Груевски. Весниците подоцна во 2015-та срамно одбија да информираат за бомбите на Заев... Новинарски срам што ќе им стои и на новинарите и уредниците на тие весници, но пред се вината ја има менаџментот на фирмата МПМ, тоа е триото Камчев, Станисављева и Ќерим.

Потоа кога се рушеше режимот, Камчев можеше да помогне, да се покае што ја користел блискоста со режимот за лично богатење преку поволноста која ја нудеше блискоста со режимот. Знаеме како одеше таа шема тогаш, го помагаш ВМРО ДПМНЕ  со донација па потоа ти се прогледува за неплатен данок во износ пута 100 и други АЛАШ ВЕРИШ трансакции при што се пљачкаа и акционери и фирми и вработени а контото на Камчев стаса до најбогат човек во Југоисточна Европа па имаше сила да го купи безмалку целото приватно здравство во Бугарија за стотина милиони евра?!?! Додека новинарите беа тепани, политичките противници беа пикани во затвор, народот беше лажен и пљачкан а земјата уназадувана на секој начин и во секој аспект, некои со пура уживаа на јахти во медитеранот...

Во меѓувреме во земјата Камчев стана газда на фарми, млекари, банки, медиуми, хотели, ресторани, спортски клубови... Немаше индустрија каде тој не пенетрираше и не стана лидер, но лесно е кога Сашо Мијалков ти е најдобро другарче па и бизнис партнер.

Значи Камчев можеше да се покае за сето тоа, но не, Камчев потоа откако со судни маки успеавме да го срушиме тој режим, тој избра да го руши СЈО за да си помогне себе и на ВМРО ДПМНЕ на кои им должи се што има, па тргна и во рушење на владата на СДСМ преку сториите на Геро лој овие денови му е безмалку ПОРТПАРОЛ и да го враќа ВМРО ДПМНЕ пак на власт, што е многу, многу е, значи пак против народот...

Сметам дека е предоцна за ликот и делото на Орце Камчев да добива ретуширања во последен момент со хуманитарна помош околу Корона Вирусот. Предоцна и премалку е тоа шефе. Дури и да успее да освои неколку симпатии околу таа своја хуманитарност, сепак има чуден вкус целата таа работа, дури е очигледно дека олигархот откакот 20 години крадел од буџетот преку неплаќање на данок, според обвинението Империја и откако оштетил безброј фирми акционери и вработени, сега решил да биде хуманитарец и добар дечко. Некако тоа не штима, не пали.

Откако ограбил толку многу бизнисмени како Кираца Трајковска и редица други и го пробушил буџетот за 10-20 милиони евра со што можело да се помогнат многу сиромашни и болни во земјава, сега некако предоцна на Камчев му текна да биде добриот човек во македонската приказна.

Откако 10 години помагаше режим кој газеше со чизма врз Македонците и ја уназади и упропасти земјата само за да профитира за себе, Камчев некако килаво и Сизифовски се обидува да се стави себе си во групата на бизнисмени кои заслужуваат респект и симпатии од јавноста.

За да му успее тоа ќе треба да врати се што има украдено во буџетот, да се извини на јавноста за помошта кон Груевизмот и да побара прошка и да дозволи Империја да финишира а не да прави се тоа да не се случи.

Само така Камчев ќе биде во групата на бизнисмени хуманитарци кои уживаат респект кредибилитет и реноме во македонската јавност.

До тогаш ќе биде олицетворение на транзициската мафија на богаташи кои се збогатија на грбот на народот!!!

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија