Читајте ја секоја колумна на Геро многу внимателно, он во секоја колумна шифрирано дава насоки што ќе прави ВМРО ДПМНЕ една недела унапред

Објавено на 19.03.2020 во 13:29:03 часот | Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк


Треба внимателно да се читаат сите колумни на Геро затоа што секоја негова колумна е шифрирана најава што ќе прави ВМРО ДПМНЕ следните неколку денови, некогаш и цела недела однапред.

Пред некое време тој напиша колумна во која врескаше до владата да излезела со пакет масивни финансиски мерки тешки стотици милиони евра и тоа веднаш!

Потоа и ВМРО ДПМНЕ излезе со ист став и тоа го верглаат со денови. Која е целта? Да се притисне владата со нереални барања во фаза кога уште не знаеме колку длабока ќе биде кризата, па владата е ставена пред свршен чин, ако ги послуша може да ги потроши парите за тие мерки а подоцна да нема пари за плати да подели на лекарите, а ако не ги послуша ќе излезе дека владата НЕ СЕ ГРИЖИ И НЕ ЗНАЕ ШТО ТРЕБА ДА ПРАВИ, што пак е ВИН ВИН за Вмровците од ПР аспект.

Сега денеска Геро излезе со колумна во која бара владата да не држела редовни пресови во време на вонредна криза?! Зошто го бара тоа?

Затоа што ни најавува ВОЈНА СО ЛАЖНИ вести која веќе почна, куртон уредникот на Инфомакс секој ден вади еден ЛАЖЊАК на некоја тешка и битна тема и со тоа ја дразни и паничи јавноста.

Како најефикасно да се бори владата со таква канонада на лажни вести? Во диктатура е лесно, ги фаќаш тие што шират такви лажни вести и ги фрлаш во зандана, но во демократија единствен лек е да ги НАДВИКАШ!!!

Со поголем микрофон и почесто да се дереш за тоа што се фактите и која е вистината! И како владата може да го прави тоа? Па лесно е, со пресови редовни на кои се присутни сите медиски куќи!

Затоа Геро бара молк, бара простор за ФЕЈК ЊУС БОНБАРДИРОВКАТА која ќе уследи во вакви кризни времиња, тоа е ИНФО ВОЈНА во која ќе победи оној кој ќе биде погласен, а ќе изгуби тој кој ќе затаи, ќе остане молчалив, ќе дозволи наративот да го земат лажните КУРТОН МАШИНИ!

Не можам да тврдам со сигурност но повеќе од јасно е дека Геро е новиот ПР стратег на ВМРО ДПМНЕ на местото на Мартин Протуѓер.

 

 

loading...

 

Колумни

Македонија